Новиот албум на легендарните „Депеш Мод“ се вика „Delta Machine“ и од денеска стартува со продажба. Како продуцент на албумот се појавува Бен Хилер, а миксот е дело на Флуд.
„Delta machine“ е првиот студиски албум на бендот по 2009 година, а него го најави синглот „Heaven“ кој во февруари влезе во продажба, во пакет со ремикси од Метју Диар, Блан, Оули и Степс ту Хевен.
Мартин Гор најавуваше дека албумот ќе биде многу модерен, а се очекува и делукс издание, кое доаѓа со дополнително цеде со четири бонус песни и книга со фотографии од Антон Корбијн.
Наскоро треба да се појави и списокот на песни кои ќе се најдат на изданието. Во меѓувреме „Депеш мод“ го промовираше новиот албум во шоуто на Летерман