Џабир Дерала: Сè, зависи од тоа колку „работната група“ ќе го прочита сеопфатниот документ изработен од Работната група за измени на Изборниот законик, која беше формирана за време на мандатот на поранешниот министер за правда, Кренар Лога, а ја предводеше еден од најголемите авторитети во оваа област, Александар Новакоски.
Невклучувањето на граѓанското општество не е само прескокнување на некоја формалност. Тоа во еден толку деликатен и важен процес значи отсуство на транспарентност и целосна затвореност на власта кон прашања од врвен јавен интерес. И дефинитивно сигнализира незаинтересираност за препораките на ОБСЕ/ОДИХР, бидејќи една од важните препораки токму на оваа меѓународна институција е вклучување на граѓанските организации.
Најважните препораки што ЦИВИЛ ги даде во Работната група пред неполни три години, се однесуваат на политичкото финансирање. И тогаш и сега, ЦИВИЛ е на ставот дека сегашниот начин на уредување на оваа сфера, всушност, претставува само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе.
Оттука, ништо не очекувам дека ќе биде предмет на работата на блиндираната работна група на власта. Причините се длабоки и произлегуваат од начинот на практикување на власта – нетранспарентност, ароганција и незаинтересираност за вистински измени што ќе го подобрат квалитетот на спроведување на изборните процеси. Тоа, пак, води кон заклучокот дека власта не е заинтересирана за слободни, фер и демократски избори.
Извор: Порталб.мк



