Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерала: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2026 13:52

Џабир Дерала: Сè, зависи од тоа колку „работната група“ ќе го прочита сеопфатниот документ изработен од Работната група за измени на Изборниот законик, која беше формирана за време на мандатот на поранешниот министер за правда, Кренар Лога, а ја предводеше еден од најголемите авторитети во оваа област, Александар Новакоски.

Невклучувањето на граѓанското општество не е само прескокнување на некоја формалност. Тоа во еден толку деликатен и важен процес значи отсуство на транспарентност и целосна затвореност на власта кон прашања од врвен јавен интерес. И дефинитивно сигнализира незаинтересираност за препораките на ОБСЕ/ОДИХР, бидејќи една од важните препораки токму на оваа меѓународна институција е вклучување на граѓанските организации.

Најважните препораки што ЦИВИЛ ги даде во Работната група пред неполни три години, се однесуваат на политичкото финансирање. И тогаш и сега, ЦИВИЛ е на ставот дека сегашниот начин на уредување на оваа сфера, всушност, претставува само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе.

Оттука, ништо не очекувам дека ќе биде предмет на работата на блиндираната работна група на власта. Причините се длабоки и произлегуваат од начинот на практикување на власта – нетранспарентност, ароганција и незаинтересираност за вистински измени што ќе го подобрат квалитетот на спроведување на изборните процеси. Тоа, пак, води кон заклучокот дека власта не е заинтересирана за слободни, фер и демократски избори.

Извор: Порталб.мк

став Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.