Џабир Дерала: Мотивите на политичките структури кои го кочат процесот не се однесуваат на вистинска заштита на идентитетот, туку се дел од поширока стратегија. Внесувањето на Бугарите во Уставот е всушност правна потврда на различноста меѓу двата народа, што во нормални околности би се сметало за успех, а Кремљ токму тоа го сака: Република Северна Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија. Стравот и омразата се лабораториски креирани за да влијаат врз гласачите.
Коридорот 8 не е само економски проект туку и „стратешка и одбрамбена обврска“ која го поврзува јужното крило на НАТО. Реториката против овој проект е дел од деструктивните наративи кои на граѓаните им нудат изолација наместо поврзување и просперитет.
Со ета почит кон сите други, најблиско до срцето миб е Орденот за заслуги од претседателот на Украина, Володимир Зеленски доделен за мојата успешна борба против руската пропаганда. Украина денес не се брани само себеси, туку ги брани слободата и основните демократски вредности на цела Европа.
Извор: Коридор 8.бг



