Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десет неодговорени прашања за потрагата по исчезнатиот малезиски авион

0
By Нова ТВ on March 26, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во продолжението на потрагата за исчезнатиот малезиски авион во јужниот дел на Индискиот Океан, сеуште има неколку клучни прашања на кои досега нема одговор.

Ова се 10 прашања околу тоа што се случило за Боингот 777 да исчезне на 8.март на патувањето од Куала Лумпур до Пекинг.

1. Зошто авионот нагло свртел на лево?

Радарите покажуваат дека тој неочекувано свртел кон запад. Според странските експерти, пилотите би направиле таков маневар доколку авионот се соочува со сериозен проблем, со што би побарале најблиска дестинација за предвремено слетување.

Би можело да се работи за пожар, за пресрет со друг авион или неочекувана промена на притисокот. Не се исклучува можноста и од злонамерно напаѓање.

2. Би можел ли пилотот да посегне по својот живот?

За време на истрагата имаше доста шпекулации дека причината е самоубиство. А тоа не би било за прв пат во историјата да се случи такво нешто. За несреќите со летот 990 на „Египет Ер“ во 1999 година, и летот 185 на „Силк Ер“ во 1997, исто така постоеа шпекулации дека пилото сакал да се самоубие. Од 1976 година, осум несреќи со авиони се поврзани со самоубиство.

Засега, нема никакви докази за пилотот и неговиот помошник кои би ја поддржале оваа теорија.

3. Некој се обидел да го киднапира авионот?

По уривањето на кулите близначки со авиони на 11.септември 2001, вратите на кабината на пилотите се дополнително зацврстени. Тие се блиндирани и не можат да се скршат ниту со секира.

Според американските авијатичари, дури и да била срушена врата на кабината, пилотите ќе побарале помош преку радијата.

4. Исконтролирано сценарио?

Повеќето теории се базираат на претпоставки дека комуникациските системи и транспондерите на авионот намерно биле исклучени.

Сепак, на ова американските авијатичари велат можно е и случајно да се исклучат сигналите на авионот, како на пример пожар да го растурил системот, но и притисокот можеби придонел за истото.

5. Зошто никој не реагирал кога престанал сигналот од транспондерот?

Транспондерот кој комуницира со радарот на терен се исклучил кога авионот преминувал од малезиската воздушна граница во виетнамскиот воздушен простор.

Британскиот експерт Дејвид Бери, вели доколку истото се случело во Европа, првиот кој ќе го забележи прекинот на сигналот, веднаш би го вклучил алармот. Според него, во Европа, веднаш би било побарано најблискио авион да оствари директен контакт.

6. Зошто не е полесно да се следат исчезнатите авиони преку воен сателит?

Потрагата по водите, 2.500 километри југозападно од Перт, Австралија, доведе до фотографии од предмети добиени преку комерцијални сателити.

Ден Шур, шеф за технологија на „Геоспатијал Инсајт“, вели постојат 20 познати сателити кои имаат резолуција способна за добивање на овие слики. Од нив, најверојатно околу 10 дневно обработуваат слики.

Сликите се симнуваат од сателитите во брзо реално време, и веројатно се на терен во рок од два или три часа од кога се забележани, вели тој.

Исто така има и сателитски извори во сопственост на војските или владите, но тие засега не се истакнаа во потрагата. Ова доведе до некои шпекулации дека судбината на авионот веќе била позната но се чувала во тајност.

7. Дали авионот пловел во морето или потонал откако снемал гориво?

Последните моменти на Боингот 777 зависат од тоа дали со авионот сеуште управувал пилот.

„Доколку бил под контрола, тој има можност да се лиза по водата“, вели британскиот експерт, Гај Гратон.

8. Дали патниците предосетиле дека нешто не е како што треба?

Доколку не се случувал голем дефект, јасно е дека патниците не ќе знаеле ништо, особено ако немало очигледни знаци за борба.

9. Зошто патниците не ги искористиле нивните мобилни телефони?

Едно од најчесто поставуваните прашања. Зошто ако нешто не било во ред, патниците не ги искористиле мобилните за да ги известат роднините и да го вклучат алармот.

Според аналитичарите, крајно неверојатно е некој да има мрежа на височина од 10 километри. Шансите за еден мобилен телефон да работел во авионот се речиси никакви.

10. Зошто не би можеле авионите да даваат целосни податоци во реално време до сателитите?

Британските експерти велат проблемот е што технологијата во авионите е исто толку развиена колку што била од времето кога е направен авионот.

– Боингот 777 е пуштен во употреба во раните 90-ти – технологијата е од тогаш, велат тие.

извор: BBC

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.