Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Власта го крши деловникот за да го спаси Иванов

0
By Сашка Цветковска on May 30, 2016 Uncategorized
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
-Одредбата од членот 206, став 2 од Деловникот е јасна. Комисијата за импичмент треба да има претседател и 10 члена, со тоа што треба да биде обезбедена соодветна застапеност од пратеничките групи и од пратениците кои не се огранизирани во пратенички групи. Каква е таа соодветна застапеност, кога ВМРО-ДПМНЕ добива апсолутно мнозинство во Комисијата, а такво нема во Собранието. Каква е таа соодветна застапеност кога ДУИ добива ист број членови колку и СДСМ, иако имаат многу помалку пратеници. Каде се пратениците кои не се организирани во пратенички групи?
Иванов скрши закон за да ги помилува, тие кршат Деловник за да го помилуваат.
Согласно соодветната застапеност на пратеничката група на СДСМ, во Собранието ние треба да имаме 3 члена, а вие 5. Согласно вашето самоволие вие сте ни предложиле ние да имаме два члена, а вие шест. Тоа е комплетно незаконито.
Тоа е хаосот што го предизвика ВМРО-ДПМНЕ во сите институции. Сите се посипуваат со пепел, почнувајќи од Уставниот суд, од господинот Велјановски кој што не убедуваше дека не може да се свика Собранието, сега господинот Иванов, од вас колеги пратеници коишто правевте опроштајни слики тука во Собранието и со аплауз си одевте, денот кој што мислевте дека е последен ден од вашиот мандат. Сите овие постапки се голем срам за Македонија.
Јас ви најавувам дека одлуката која што ќе ја донесете без почитување на одредбите на Деловникот ние ќе ја обжалиме пред Управниот суд.
Вие се обидувате да го спасите Иванов од одговорност, како што тој со аболициите се обидува да ги спаси вашите челни функционери од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Во целата оваа незаконитост околу составот на Комисијата и импичментот на Иванов, најсимптоматично е однесувањето на ДУИ. Тие ја потпишаа иницијативата за импичмент. Велат дека не го гласале Иванов, но секој кој малку повеќе ќе се разбира од изборен инжињеринг, знае дека ДУИ всушност многу придонесе Иванов да биде избран за претседател. Сега ДУИ не искажува став околу соодветната претставеност на пратеничките групи во Комисијата, туку квалификува како судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Не колеги пратеници, не е ова судир на интереси на две политички партии. Ова е судир помеѓу оние кои го кршат Деловникот и оние коишто сакаат да се спроведат одредбите од Деловникот, рече пратеничката Рената Дескоска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.