Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали: Што содржеше текстот на Кежаровски

0
By Сашка Цветковска on October 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


ХРОНОЛОГИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ ОРЕШЕ

Лазо Милошоевски , 75 години е убиен во 2005 година. Увидот на местот на убиството во селото Ореше според официјалните документи е правен 15 часа по настанот. По три години, приведени за убиството на Лазо се браќата Орде и Љупчо Ѓорѓиевски, по нарачка на Ѓоре Петровски. Осудени се на 12 години затвор.

Пресудата, поради недостиг на докази, паѓа два пати на Апелацискиот суд. Никогаш не е пронајдено оружјето со кое е извршено убиството. Првата пресуда е објавена во Декември 2009 година. Следната година во Ноември е објавена и втората пресуда. Оваа година на 29 Март се случува пресврт и се носи нова пресуда со која обвинетите се ослободуваат од вина. Два месеца по ослободувањето, сите актери во случајот Ореше, судии, обвинители, адвокати – се најдоа во притвор. Се отвори новиот случај Ликвидација.

(за хронологијата на настаните од случајот Ореше напишани погоре користени се архивските видео материјали од судењата и судските записници на истиот случај објавени во емисијата КОД)

ЗАШТИТЕНИОТ СВЕДОК И ТЕКСТОВИТЕ НА КЕЖАРОВСКИ

Во Јануари 2013 година заштитениот сведок Златко Арсовски самиот се открива пред јавноста и го менува својот исказ. Тврди дека претходниот исказ, со кој браќата обвинетите завршија во затво,р го дал под присила и закани на инспектори на ДБК. Тврдеше дека самите инспектори му ја напишале самите изјавата, а тој ја учел напамет. Во моментот кога го дава исказот, Златко Аровски лежи во затвор за ситна кражба. Сведокот кон крајот на 2008 тврдел дека Ѓоре му се јавил и му нудел 20.000 долари за да го ликвидира Лазо Милошевски, но дека тој одбил. Сведокот рече дека решил да излезе од програмата за заштита на сведоци бидејќи не биле остварени ветувањата кон него од страна на полицијата која му ветила 10 години заштита.

Во своите текстови од Декември 2008 година (сториите одат во два последоватолни броја, првиот објавен на 4 Декември)Томислав Кежаровски во весникот Репортер92 обелоденува дека заштитениот сведок во случајот Ореше сведочи под присила на инспектори од ДБК и дека, всушност, станува збор за лажен заштитен сведок според неговите информации. Кежаровки објавува судски записници од сослушувањата на сведокот од страна на истражниот судија. Во текстовите Кежаровски го користи кодното име на свведокот „Бреза“.

На едно место во текстот напишано е „штипјанецот“ Златко, а на друго стои кратенка од неговиот мобилен телефон или буквално е напишано вака „076 6.. …“. Судот сметаше дека Кежаровски со изнесувањето на овој мобилен телефон, како и со пишувањето на името Златко (без презиме), новинарот овозможил разоткривање на неговиот идентитет. Одбрана на Кежаровски тврдеше дека тој мобилен го користеле десетици затвореници во тоа време во затворот каде се наоѓа сведокот.

Во времето кога е пишуван овој текст, сведокот има статус на загрозен, но не и на заштитен сведок. Според тврдењата на одбрана, за време на судењето судот не изнесе документ со кој потврдува кога на Златко Арсовски, односно Бреза му е даден статусот на заштитен сведок, но не негираше дека тоа се случило некаде во 2010 или 2 години по написот на Кежаровски. Адвокатот на обвиниетите браќа во случајот Ореше, Звонко Давидовиќ, тврдеше дека на сведокот му бил доделен статусот заштитен во 2010.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.