Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Децата во сиромашни семејства имаат поголем ризик да останат сиромашни, образованието клучно за надминување на оваа ситуација

0
By Ivana on December 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сиромаштијата во земјава контиунирано опаѓа, но детската сиромаштија се намалува побавно од сиромаштијата кај возрасните. Анализите покажуваат дека децата кои живеат во сиромашни семејства и со помалку образовани родители имаат поголем ризик да останат сиромашни и кога ќе пораснат.

Студијата за повеќедимензионална детска сиромаштија, што вечерва беше објавена во рамки на форумот „Сиромаштијата кај децата во Северна Македонија – семејните примања не се единствениот фактор“, покажува дека во последните неколку години земјава бележи значителен напредок во однос на намалувањето на монетарната сиромаштија, но дека намалувањето на детската сиромаштија е со значително помал степен на опаѓање.

Недостигот до образование, економските потешкотии, недостигот на љубов и грижа, насилството во домот и недостигот на слободни активности се посочуваат како главни фактори за повеќедимензионалната детска сиромаштија во земјава, а како клучен фактор за подобрување на состојбата се посочува образованието бидејќи децата кои ќе достигнат повисоко ниво на образование имаат поголеми шанси да излезат од сиромаштија.

Претставничката на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани порачува државата да се стреми кон зголемување на инвестициите во образованието.

– Истражувањето покажува дека ограничениот пристап до образование влијае на повеќедимезионалната детска сиромаштија. Ова е повик за власта и општините да го продолжат трендот на зголемување на пристапот до рано образование. Зголемувањето на пристапот до рано детско образование е најдобра инвестиција што може да ја направиме и да им помогнеме да децата да го остварат својот потенцијал, рече Ди Џовани.

Според неа, државата треба да воспостави повеќедимензионален индекс на детска сиромаштија, а објавувањето на периодичен индекс би им овозможил на креаторите на политики подобро да креираат мерки кои ќе бидат во насока на намалување на детската сиромаштија.

Според претседателот на државата Стево Пендаровски, искоренувањето на детската сиромаштија е постојана борба која мора секојдневно да се води.

– Нема порелевантно мерило за карактерот на едно општество од односот кон неговите најранливи членови. Ако тука не забележиме прогрес, ќе бидеме не само одговорни, туку и виновни за цели генерации со изневерени очекувања. Денешните деца се утрешните наши родители, роднини, работници, работодавачи…рече Пендаровски.

Оцени дека земјава во последните години успеала да ја намали екстремната сиромаштија, но оти сепак далеку сме од целта.

– Во 2019 година пред почетокот на пандемијата, детската сиромаштија претставувала речиси 28 проценти од вкупната сиромаштија во земјата. Повеќе од осум проценти деца до пет години и речиси 12 проценти деца меѓу пет и 17 години се соочуваат со сиромаштија. Податокот дека речиси секое трето сиромашно дете до петгодишна возраст е од романската заедница говори дека една од причините за сиромаштијата е и дискриминацијата, посочи претседателот Пендаровски.

Денешниот форум беше во организација на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и – Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ со цел да се помогне во креирањето на политики со што ќе се подобри социо-економската состојба на децата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.