Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детската кардиохирургија ќе го чека новиот министер

0
By Менче Атанасова Точи on November 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Идејата за отворање на детска кардиохирургија мора добро да се анализира, да се осмисли, за одлуката да не биде избрзана. Вака заменикот министер за здравство, Гоце Чакаровски го објасни потегот кој би следувал откако детскиот хирург Владимир Чадиковски изјави дека на државата и е потребна детска кардиохирургија која би спасила живот на многу бебиња. Чадиковски со неговиот тим веќе пет години работи во склоп на проект заедно со странски лекари и досега имаат направено скоро 300 операции на срце кај бебиња.  Заменик министерот, Чакаровски вели дека одлуката е политичка , а за да се седне и да се разговара треба да има назначено нов министер за здравство.

„Се чека да биде назначен нов министер за здравство и во прва можност ќе седнеме да разговараме , за да видиме во кој правец би се движеле работите. Важно е да не се избрза, да се работи тимски и да се донесе вистинска одлука. Има неколку предлози доколку се отвори детска кардиохирургија, каде би била сместена. Но, мора да се види има ли тим за тоа, како ќе се создаде. Се што е прогресивно и може да даде добри резултати, ние како политичари сме позитивно расположени да го разгледаме за да донесеме правилна одлука“, изјави за НОВА, Чакаровски.

Доктор Чадиковски за НОВА, во емисијата ПРОЦЕС изјави дека отворањето на детската кардиохирургија ќе спаси живот на многу бебиња бидејќи вакви операции никој не работи. Тоа што има дилеми околу процентот на смртност Чадиковски вели дека се работи за бебиња со многу аномалии и голем ризик при што веројатноста е голема да не преживеат.

„Станува збор за бебиња со многу мала родилна тежина од кило и осумстотини  или два килограми  и двесте грама, со многу здравствени проблеми и за кои веројатноста да починат е многу голема. Верувајте над нив дење ноќе стои доктор. Годинава  имаме четири смртни случаи на скоро 60 интервенции, а да ги видите тие деца тие се со милион вродени мани на нив. И во странство за ваквата патологија  смртноста е голема, тимот работи максимално за да ги спасиме. “, изјави во ПРОЦЕС, Чадиковски.

Тој обелодени дека зголемената смртност на Клиниката за гинекологија е и поради фактот што многу  предвреме родени бебиња се со срцеви мани и за тоа не се води контрола. Доколку би се интервенирало кај овие деца би се спасиле многу од нив.

Чадиковски смета дека проектот на кој работат пет години треба да резултира со отворање на детска кардиохирургија, а најидеално место за него е просторот каде што беше сместена специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ во болницата „8 Септември“.

Од друга страна пак, директорот на„8 Септември“ , Христијан Костовски смета дека болницата не е подготвена да прими ваква патологија бидејќи таму нема педијатри кои би ги прифатиле децата доколку се јават и други компликации.

„Проблемот е што ние немаме педијатри во болницата, а некој мора да ги гледа тие деца 24 часа.  Ние не сме подготвени за такво нешто. Треба да се разговара на повисоко ниво, но ова е многу комплексна работа. Мора многу професионално да се постапи за да нема несакани последици“, изјави Костовски за НОВА.

Неговиот личен став е дека можеби најдобро решение би бил просторот на Клиниката за кардиологија каде што е сместена државната кардиохирургија, за да бидат блиску до Клиниката за детски болести.

Пред да започне овој проект, а и сега дел од децата се праќаа на операција во Софија. Чадиковски кој наскоро и официјално ќе го добие сертификатот за детски кардиохирург смета дека сега е момент за отварање на детска кардохирургија бидејќи просторот на Клиниката за детска хирургија е претесен, така што функционираат како клиника во клиника.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.