Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери даде еден час пауза во Собранието по барање на опозицијата

0
By Sashko on July 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието, Талат Џафери објави пауза од еден час. Седницата ќе продолжи во 17:55 часот.

Втор ден во Собранието се одвива дебата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ), предложена од страна на француското претседателство со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година. Расправата и попладнево поминува на ист начин како и вчера.

Се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има неподнослива бука предизвикана од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова рече дека досега ваква преговарачка рамка немало. За преседан држава, посочи таа, преседан рамка.

Пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска истакна дека во ЕУ влегуваме како Македонци со чист македонски јазик.

„За што протестирате вие од ВМРО-ДПМНЕ, изгубени во историјата? – Вчера врховисти, завчера антички, а денеска наводно партизани. Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, а јас како пратеничка од Ѓорче Петров ќе се борам да го сочувам ликот и делото на Ѓорче Петров и тоа токму од вас, ќе се борам да го зачувам ликот и делото на нашите народоноослободителни херои кои вие ги нарекувавте злосторници“, порача пратеничката Марковска.

Мирче Аџиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се кон пратениците од СДСМ рече „ако е така како што кажувате дека бил заштитен македонскиот јазик, зошто денес добивте демант од заменичката – портпаролка на ЕК која појасни дека вчера од оваа говорница претседателката на ЕК зборувала за јазикот на луѓето во Република Македонија која таа го нарекла македонски“.

„Зошто тоа не го кажавте“, праша Аџиоски.

Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов рече дека е сигурен дека може да се смени преговарачката рамка.

„Демократскиот сојуз изгради ставови „не“ за францускиот предлог ако не се направат одредени корекции кои се во функција на нашите национални интереси, идентитет, јазик, историја, обичаи и традиции“, истакна Трајанов.

Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ во реплика на Трајанов рече дека не е момент за тактизирање. Тој го повика Трајанов да каже дали го поддржува францускиот предлог.

„Јас заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ сме на страната на народот. Ова е понижувачки предлог. Застанете на страната на народот“, посочи Јованчев.

Пратеникот Трајанов во контрареплика рече дека бара тоа што вчера го зборуваше Фон дер Лајен да се стави во преговарачката рамка или во пакетот документи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.