Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери по враќањето од Киев: Како Собрание треба да се изјасниме за злоделата во Украина

0
By Mirjana on April 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери по враќањето од Украина каде беше од 24 април до вчера (28.04) одржа прес конференција на која информираше за тоа како се организирала посетата и за впечатоците од она што го видел таму. Џафери нагласи дека како Собрание треба да заземат став во форма на декларација или резолуција за состојбите во Украина односно за злоделата што се имаат случено таму  и дека треба сите политички чинители во Парламентот да размислат во тој правец.  

Информирајќи дека посетата се случила на покана на претседателот на украинската рада , Џафери рече дека со физичкото присуство во Украина сакал да ја демонстрира поддршката што декларативно и ја даде земјава на Украина за воспоставување мир и власт во сите делови на државата , но и да манифестира подготвеност за секаков вид помош од која имаат потреба  украинската држава и народ, рече тој.

– Се очекува таа помош и поддршка да е повеќезначна , што значи може да е финансиска, материјална , санитарна  и секако може да е воена. Ние за ова имаме обврска и како членка  на НАТО и како кандидат за членство во ЕУ зашто преку овие позиции ние сме приклучени во сите мерки преземени од овие две организации. Оттаму покрај погоре споменатите потреби, може последователно да се појават и други потреби кои, како што кажав, произлегуваат од обврските што сме ги презеле како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, изјави Џафери.

Џафери информира дека за посетата биле известени и претседателот на државата и премиерот.  Патувањето било организирано со поддршка на украинската амбасада во земјава  со лет до Варшава , па оттаму до границата со Украина со возила а потоа до Киев со воз  кој е  специјално  пуштен за странски делегации.

Џафери, споделувајќи ги впечатоците оцени дека моралот на граѓаните и на државата и институциите биле на високо ниво, дека се свесни што им се случува дека си ја бранат државата а дека луѓето што живееле на село веќе ги обработиле и посеале нивите.

(М.Т.)

 

 

Џафери по враќање од Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шесорица мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шест мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.