НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Потребна е кредибилна европска перспектива за Западен Балкан, заснована на систем на заслуги

0
By Ivana on September 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку  Европската Унија сака поголема стабилност во своето соседство, тогаш потребна е кредибилна европска перспектива за Западен Балкан, заснована на систем на заслуги. Таа перспектива ризикува да стане заморна и неатрактивна за нас како земји кандидати доколку потфрли и не ги испочитува темелните вредности врз кои е градена Унијата кои во прв план го ставаат просперитетот, мирот и безбедноста на сите граѓани на континентот. Ова го истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во своето обраќање на 10-ти Состанок на спикери на парламенти од земјите од Југоисточна Европа за проширувањето.

Џафери изрази благодарност за традиционалното одржување на овој настан на највисоко парламентарно ниво во организација на Унгарското национално собрание и претседателот Лазло Ковер. Посочи дека тоа е уште еден доказ за заложбите на Република Унгарија во изминатите децении за наше забрзано и целосно европско и евроатланско интегрирање. Тоа,како што рече, е наш заеднички интерес доколку се има предвид фактот што се потенцира во повеќе наврати од страна на високи европски политичари.

Џафери потсети дека неодамна во нашата држава беа во посета француски сенатори и додаде оти предочил на актуелната ситуација на терен.

– Паралелно со високиот процент на граѓани кои се за влез во Европската Унија и непоколебливиот политички консензус, имаме сразмерно високо разочарување затоа што секое ново шестмесечно одлагање на почетокот на преговори, нам ни ги скратува можностите да напредуваме во тие преговори и да работиме уште помотивирано на европската агенда. Франција, како иден претседавач со Советот на ЕУ, несомнено ќе ги поддржи нашите аспирации, а ние секако сме тука да им помогнеме за проширувањето, не само да стане еден од приоритетите на француското претседавање, туку да биде фактичка реалност преточена во старт на првата меѓувладина конференција со Европската Унија, рече Џафери.

Според него, проширувањето како геостратешка инвестиција носи долгорочни инвестиции за Унијата во повеќе аспекти, односно во политичка, безбедносна и економска смисла. – Тоа претставува добар механизам за напредок и награди, што не мотивира како земји да ги спроведуваме бараните реформи чиј краен резултат би требало да биде почетокот на преговорите, пристап до повеќе фондови и конечно полноправното членство во Унијата. Верувам дека како држави покажавме дека можеме да се носиме со предизвиците од процесот на интеграција и успешно да ги спроведуваме бараните реформи во предвидените рокови, со што потврдивме дека сме сериозни партнери во овој заеднички проект, нагласи Џафери.

-Република Северна Македонија постигна импресивен напредок на полето на спроведување на пакетот клучни реформи, а со потпишувањето и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор покажавме дека можеме да послужиме како модел за внатрешна кохезија, унапредување и негување на меѓуетничките односи. Верувавме дека со потпишувањето на Договорот со Бугарија и прифаќањето на сите предлози на претседателството на Европската Унија предложени минатата година, вклучително и предлогот од мај 2021 година, ќе го надминеме и спорот со Република Бугарија меѓутоа, за жал, одговорот од Бугарија е во сосема спротивна насока, комплетно го менува пристапот кон процесот, што е спротивно на напорите за зајакнување на довербата и непречениот политички дијалог, соопшти Џафери.

Моменталната комплексна ситуација во Бугарија оневозможува, како што рече, наш поактивен дијалог, вклучително и на парламентарно ниво, каде како колеги пратеници би можеле поотворено и на пофлексибилен начин да разговараме и заеднички да придонесеме кон надминување на оваа состојба со изнаоѓање на компромис на отворените прашања.

-Сепак, и покрај сите пречки, продолжуваме со реформскиот процес, за земјата, за нашите граѓани, а и за задржување на веќе добиените високи оценки. Веќе дваесетина години сме активни во контекст на меѓусебната соработка во регионот на Југоисточна Европа и генерираните добри резултати потврдуваат дека како земји можеме успешно регионално да соработуваме и да доживуваме заеднички успеси, што е клучен предуслов и за нашата европска иднина. Јас сум убеден дека парламентарната дипломатија може да воспостави дијалог кој придонесува за мирот и безбедноста и игра суштинска улога во справувањето со глобалните предизвици и затоа сме активни во меѓународните собранија, порача Џафери.

Во Повелбата за добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка во Југоисточна Европа од 2000 година, како што рече, заеднички сме се обврзале безрезервно да се залагаме меѓу другото, и за почитување на принципите и нормите на Повелбата на Обединетите Нации. Изрази надеж дека овие постулати ќе помогнат во решавањето на отворените прашања и на тој начин ќе придонесат за забрзување на процесот на евроинтеграции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.