Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери за набавката на возила на лизинг: Не е новина туку пракса која постои повеќе години, трошоците се многу помали

0
By Marija Todorovska on March 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со набавувањето на нови возила на лизинг од страна на Владата, посочи дека не станува збор за новина, туку за пракса која постои повеќе години, при што потенцираше дека трошоците на лизинг се многу помали. Тој вели дека оваа постапка не може да се врзе со предизборниот период, бидејќи станува збор за редовна активност која мора да се спроведе.

-Набавување на нови возила на лизинг не е новина, туку пракса која постои повеќе години и која претпоставувам дека е направена според соодветни анализи од претходниот период. Лизингот е поевтин од купувањето на возила, имајќи во предвид дека за периодот на лизинг, гаранцијата и одржувањето на возилото е на давателот на услугата а не на побарувачот. Во тој контекст, одржувањето би било поскапо доколку овие возила по пет години би останале во користење на институцијата, изјави Џафери.

Прашан зошто се набавуваат нови возила на лизинг во предизборен период, Џафери посочи дека самата постапка зависи од периодот на заменливост и договорот мора да се спроведе.

-Постапката зависи од периодот на заменливост, затоа што претходните договори се врзани или за времетраење или за помината километража. Не може ова да се врзува ова со моментот на изборите, затоа што договорот мора да се спроведе, имајќи во предвид дека тоа е редовна активност, и изборните активности не може да бидат пречка при нивно спроведување, додаде Џафери.

лизинг набавка за возила Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.