Џони Деп го доби судскиот процес по тужбата за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд која јавно го обвини за насилство во семејството, јави „Би-Би-Си“.
Некогашната холивудска двојка размени тешки обвинувања за време на судењето – и Деп и Херд тврдеа дека биле жртви на емотивно и физичко злоставување.
Процесот предизвика големо внимание на светската јавност, а социјалните мрежи станаа полигон за говор на омраза на „симпатизерите“ на обете страни.
Џони Деп (58) ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека ја уништила неговата репутација и кариера, бидејќи во колумна во „Вашингтон пост“ во 2018 година, напиша оти била изложена на семејно насилство во бракот, не наведувајќи го притоа името на Деп.
Херд поднесе противтужба и бара 100 милиони долари отштета, поради тврдењето на поранешниот адвокат на Деп, Адам Волдман дека нејзините тврдења за злоставување се „манипулација“.
Деп и Херд се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“, а се венчаа во 2015 година. Една година подоцна, Херд поднесе барање за развод, што се реализира во 2017 година.
Судењето трае шест недели, а завршните зборови се очекуваат во петок.