Пишува: Абдулменаф БЕЏЕТИ
Математиказицијата на дијаспората само за финансиска и изборна придобивка претставува најтежок облик на нејзино понижување. Дури и од невнимание, често ги советуваме да дојдат и да садат „пиперки и краставици“. На дијаспората се сеќаваме само кога имаме потреба од некаква финансиска или изборна поддршка.
Основно прашање на ова објаснување, повеќе филозофско одошто нумеричко, е зошто толку се маргинализира дијаспората – овој одлучувачки импакт врз нашата економија?! Земјите кои имаат приходи од дијаспората, без разлика дали се големи, како што е Индија, или мали, како Ирска или Израел, овој економски феномен за нив е приоритет од највисоко ниво и не само од нумерички аспект!
Директното финансиско влијание е несомнено најважно, но од исто значење во напомнатите земји, и не само во нив, се и социјалните, културните, спортските, образование, туристичките… придобивки… па и вмрежувањето и знаењата и искуствата кои тие ги создаваат.
Концептот на директни инвестиции од дијаспората (DDI – Direct Diaspotra Investment) наспроти директните странски инвестиции (FDI – Foreign Direct Investment) во услови на македонската економија воопшто не се спомнуваат а камоли да го добијат заслуженото внимание.
Од нумерички и финансиски аспект, тежината на директни инвестиции од дијаспората е просечно осум пати поголема од директните странски инвестиции. Само една мала споредба: додека во Македонија просекот на странските директни инвестиции во изминатите пет години не ја надминува бројката од околу 200 милиони евра годишно, а тука се пресметани дури и реинвестицијата на профитот (што претставува речиси половина од износот), директните инвестиции (трансфери) од дијаспората се движат околу 1.6 милијарди евра годишно.
За значењето на оваа економска-финансиска категорија не се потребни дополнителни објаснувања. Сепак трендот на намалување на приходите од дијаспората продолжува и кога ќе дојде до критична фаза, институциите на земјата ќе се свестат, бидејќи балканска култура е да се разбере вредноста на еден феномен по неговото исчезнување.
Со сета бучава, многуте поминати километри и нерационалните трошоци во потрагата на директни странски инвестиции во Македонија (да не ги спомнуваме проекциите во партиските програми), земјата останува на последно место на регионалната листа.
Минатата година (2013) Бугарија привлече 1.450 милијарди $, Албанија 1.225 милијарди $, Србија 1.034 милијарди $, Хрватска 580 милиони $, дури и Црна Гора 445 милиони $, но само Македонија и БиХ останаа на 330 милиони $. Од овие статистики може да се извлече неспорен заклучок – политичката нестабилност дефинитивно носи многу поголема сила на одбивање на ДСИ во споредба со обидите, патувањата и трошоците, што се прават за да се убедат странските инвеститори да инвестираат во земјата.
Значи, колку и да се обидувате да го убедите и Далечниот Исток (Кина и ИНдија), без да ги решите „домашните задачи“ се е залудно. Барем сериозните инвеститори! Политичката стабилност останува основен фактор што влијае на овие трендови. Додека Скопје, Тетово и цела Западна Македонија се гушеше а на места и гореше во легитимни протести, премиерот престојуваше во Кина, а Али Ахмети во канцелариите на „мојата населба“, заштитуван од својот народ од македонските специјални сили! Дали постои побанален парадокс од тоа да бидеш на власт повеќе од 10 години во последните 12, па дури и да раководиш со секторот правда, а решението за неправдата да го бараш од меѓународниот фактор?!
Дали во овие политички околности се бараат директни странски инвестиции? Ова е причинат зошто само диаспоризацијата на економијата е спас за нас, бидејќи само тие, најчесто поради емотивни причини, се уште ги ремитираат и трансферираат парите што со голема пожртвуваност ги заработиле во конкурентниот Запад! Домашните стопанственици со нетрпение ги очекуваат нив.
Економските придобивки, покрај финансиските, од една страна, претставуваат идеална платформа доколку знаеме и сакаме да ја искористиме. Еве неколку посебни аспекти. Нема подобар и поевтин меѓународен маркетинг за една држава од својата дијаспора. Само до аспект на нашите национални предизвици може да го процениме ефектот од маркетингот (секогаш алудирајќи на оној, позитивен). Дијаспоризацијата на силата на нашиот народ даде придонес во сите национални движења, вклучувајќи ги и оние хуманитарни и филантропски.
Промоцијата на извозот може да биде најдобра и најевтин форма за умните институции.
Од друга страна, многуте социјални придобивки, тргнувајќи од квалитетното образование на наште деца и на нашите најблиски, потоа комплицираните медицински лекувања, спортските и културни активности, па дури и до специфичните вмрежувања, што создале можности за бизнис и развој. Без да се спомнат конкретни имиња, повеќето претпријатија што вработуваат стотици и илјадници работници, доаѓаат од Запад.
Доколку не беа фудбалските школи на Запад, дали половина од репрезентацијата на Швајцарија што настапи на Светското ќе беше сочинета од Албанци, дали ќе се чуеше дека постојат Албанци на најпозната светска манифестација што се одржа во изминатиот период?
Значи, сето тоа е резултат на дијаспората на нашиот народ на Запад.
Со други зборови, дијаспората создава повеќе-димензионален човечки капитал и потенцијал, што можеби не излегува на површина, но во суштина заслужува подетално објаснување бидејќи нашите институциите не се свесни за оваа можност. Но колку државата инвестира во оваа најважна економска категорија?
Таа всушност, не само што не инвестира, туку и ја злоупотребува на највулгарен можен начин, почнувајќи од селективните казни, па се до редиците што се создаваат на патарините или на граничните премини. Нашите институции мислат како и што да и земат на дијаспората а не што да и понудат. Сето тоа атипично однесување на институциите, во споредба со останатите земји, заслужува економско објаснување но исто така заслужува и социјално и културно објаснување.
Поради таа причина се појавува логично прашања: „како е можно, една толку одлучувачка категорија за економијата на земјата што само од економско-финансиска тежина се движи околу 20% од БДП-то на земјата, да се третира толку лошо?“. Многу едноставно – само затоа што доминантната структура и структурата што придонесува најмногу е Албанска.
Тие се уште се имотно и емотивно поврзани со нивните семејства и татковина. Тие сеуште просечно доаѓаат 2 – 3 пати годишно и покрај сите аспекти што ги елабориравме и се сеуште даваат голем придонес во економијата на земјата. Токму во овој период, со големо внимание ја обработувам оваа тема, со цел барем да ги сензибилизирам и потсетам институциите и надлежните за грижата што треба да ја имаат кон нив.
Барем да се афирмира нивната општествена вредност во други аспекти, а не само од еконсомки аспект. Поради тоа и насловот на овој текст им е посветен ним.
Нашите сограѓани со нетрпение го очекуваат периодот на одмири да дојдат во земјата, да бидат во близина на нивните семејства и имот, да го почувствуваат тоа што им недостасува во земјите од каде што доаѓаат, но за жал, ние ги оптоваруваме со целата негативна енергија што ја произведуваме со нашите општествени односи, во нашата „заедничка држава“, како што ја нарекуваат нашите лидери! Затоа сметам дека сега е крајно време да ги третираме нив како вредности, а не да ги гледаме како статистика и бројки за еднострана употреба.
Сето тоа, со надеж дека барем малку ќе допре до свеста на надлежните со цел да погледнат директно на нештата, а не низ призмата на стаклата на нивните луксузни државни автомобили каде што со децении се сместени само за лични придобивки. Ефектот го знаеме сите – иако овој народ „ги сака толку многу“!
Пред неколку месеци ве предупредивме дека доколку ве гласавме, не значи дека ве сакаме засекогаш! Сите демонстрации изминатиот месец, се речиси полни со ваши гласачи! Ваш!