Државната изборна комисија денеска го усвои редоследот на партиите на гласачкото ливче за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27-ми април.
Под број 1 ќе биде Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата. ДПА ќе биде под број 2.
Партијата Достоинство под број 3, ДУИ ќе биде под број 4, а веднаш зад нив на гласачкото ливче под број 5 е ВМРО-ДПМНЕ.
НДП ќе биде со број 6, НДМ 7, ГРОМ на гласачкото ливче ќе биде под број 8, Коалицијата за позитивна Македонија со број 9.
ВМРО-НП ќе бидат под број 10, СДПМ со број 11, ПЕП со реден број 12, ПДП под број 13 и партијата на Фијат Цаноски ПЕИ под број 14.