Државната изборна комисија во три часот по полноќ одржа прес конференција на којашто ги соопшти процесуираните податоци од избирачките места. Тие не даде првични и прелиминарни резултати за избор на мандати, туку најавија дека за освоените мандати по партии ќе известат утре бидејќи се уште е останат мал процент на гласови кои треба да се добројат.
Во моментов се процесуирани 98,61 процент од избирачките места. Разликата во гласови помеѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 14,736 гласови или 1,25 проценти.