Според страницата на ДИК од преброени 26,72 проценти од избирачките места во Скопје до 20.30 часот, Данела Арсовска освоила 58,10 отсто од гласовите, а Петре Шилегов 38,56 проценти.
Шилегов водел во Сарај со 70,01 отсто спрема 27,75 отсто за Арсовска, во Центар 49,33 отсто за Шилегов, 45,57 отсто за Арсовска, во Чаир Шилегов до 20.30 часот има 59,85 посто, а Арсовска 34,65%, во Шуто Оризари Шилегов има 48,94 проценти, Арсовска 44,69 проценти.
Арсовска, според досегашните резултати, води во сите останати скопски општини, Карпош, Аеродром, Кисела Бода, Гази Баба и Бутел.
Во дел од општините од Скопје според сондажата до 20.30 часот а од пребројани околу 15 проценти од гласачките места, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 52,23 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 43,57 проценти.
Во Карпош води Стевчо Јакимовски со 50,81 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 43,76 проценти.