Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: „Дали амбицијата на ЕУ да направи разлика на глобалната сцена е кредибилна без регионот?“

0
By Ivana on December 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес во Берлин започна годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата со цел формулирање на координирана и ефективна надворешна политика на Европа како одговор на современите предизвици.

Како член на оваа влијателна заедница, вицепремиерот Димитров го искористи неговото учество за да ја афирмира стратешката важност на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот од аспект на иднината на Европа.

– Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане „локална“ односно да го оствари своето влијание во Западниот Балкан, регион што во секоја смисла е интегрален дел, не само географски. Токму во овој регион, Унијата мора да оствари најголема влијание со оглед на силната врска од аспект на трговијата и финансиската помош, но и политичкото ветување за европската перспектива од Солун 2003 година, истакна Димитров.

Регионот не е во добра форма, европското ветување е разнишано и ЕУ треба да се запраша дали амбицијата да направи разлика на глобалната сцена како играч е кредибилна без првенствено да делува локално – во регионот.“

Интервенцијата на вицепремиерот Димитров на дискусијата на која учествуваа шпанскиот МНР Хозе Мануел Албарес, европската комесарка Јута Урпилаинен и аналитичарот Иван Крастев, го сврте вниманието кон политиката на проширување на ЕУ и трансформативната моќ во таа смисла.

На овој клучен настан на европскиот политички календар во текот на денот ќе бидат дискутирани и односите Европа – Кина во контекст на иднината на глобалната трговија, на коишто теми меѓу другите учесници ќе се обратат шведската министерка Ан Линде и директорката на ЕК Сабине Вејанд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.