Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров – Гир: Климатските промени нé засегаат сите и нé обврзуваат подеднакво

0
By Ivana on November 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Климатската промена е факт, а и нејзините последици кои ќе станат се потешки и сложени и ќе влијаат на секој дел од планетата. Треба да делуваме веднаш и глобално. Зелениот договор е повеќе од само една политичка лекција и се состои од практични акции и дејствија коишто сите треба да ги имплементираме и постојните и идните земји членки. Целта е нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир на денешната промоција на новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, која симболично беше замислена да започна во пет до 12 часот.

Тој во своето обраќање нагласи дека неодамнешна оценка ја става Северна Македонија помеѓу шесте најранливи европски земји кога станува збор за климатските промени и последиците во последните пет години повеќе од 50 отсто од популацијата беше зафатена од природни катастрофи како што се топлотни бранови, шумски пожари и поплави, а потсети и на пожарите од минатото лето, како и смртоносните поплави од 2016 година.

– Крајните цели на Зелениот договор се декарбонизирање на нашите економии. Ова е суштински кога станува збор за олеснување и ублажување на последиците од климатските промени. Целта на ЕУ како глобален лидер кога станува збор за климатските промени е да ги намали емисиите до 55 отсто до крајот на оваа декада и да ја направи Европа континент без јаглеродни емисии до крајот на 2050 година. Второ климатска адаптација и намалување на ризиците во случај на екстремни неповолни временски непогоди, рече амбасадорот Гир

Тој посочи дека бројни европски градови се посветуваат на адаптирањето на климатските промени а тоа значи правење отпорност кон климатските промени како и во урбанистичкото планирање преку рано предупредување и системи за евакуација, креирање на повеќе зелени простори и адаптација на објекти и зелена мобилност.

– Климатската промена не може да биде третирана преку само мали иницијативи туку бара сеопфатни политики и пристап којшто ќе бара силна политичка заложба и соодветни административни капацитети на национално и локално ниво. Потребни се иницијативи а вие треба да водите, но ние сме тука да ве поддржиме. ЕУ останува најголемиот донатор во земјата и отприлика 40 отсто од годишниот буџет за помошта е насочена за проекти кои се имплементираат локално во различни сегменти, рече Гир.

Вицепремиерот за европски прашања Никол Димитров истакна дека суштинска кампања за зелениот договор, е едно од оние прашања околу кои мораме политички да се надраснеме и да делуваме заедно.

– Климатските промени и нивните последици не познаваат граници, не познаваат статус на членство или на земји кандидати за членство, налагаат заедничка акција и солидарност, со тоа се потврдува аргументот дека процесот на проширување е всушност процес на комплетирање на Европа и зошто европеизацијата е толку важна и потребна и нам, но и на земјите кандидати туку и на самата ЕУ. Ниту ЕУ, ниту ние нема да можеме да се справиме со ова прашање доколку тука, во нашата земја и регионот, не ги постигнеме европските стандарди за заштита во животната средина, рече Димитров.

Според него, Зелениот договор е израз на капацитетот на ЕУ како глобален актер да преземе одговорност да предводи и да биде сила која влече за добро и за позитивни промени. Додека пак зелената агенда за Западниот Балкан е израз на нашето стратешко партнерство, генерално но и конкретно во борбата против климатските промени и е потврда дека Унијата е нашиот најголем донатор и наш најголем поддржувач.

– Политиките во оваа област се едни од најважните за квалитетот на животот на сите граѓани и треба да бидат приоритет во процесот за носење на европските стандарди дома па затоа во Агенда Европа дома ја препознаваме важноста на животната средина како клучна област издигната на ниво на првиот кластер Темели, свесни сме дека процесот на зелена транзиција е голем предизвик, но уверен сум дека и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, така имаме преземено иницијални чекори заедно со активности за реализација на преземените мерки за исполнување на акцискиот план во врска со зелената агенда за сите пет столбови кои ќе служат како одредници за натамошно дејствување, но и поттик дека сето ова може да биде реалност, рече Димитров.

Слоганот на новата кампања на ЕУ е „Не постои резервна планета“, а целта е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент. Северна Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.