Се надевам дека наскоро ќе имаме соговорник, во однос на политичка влада кај комшиите, изјавата на Петков охрабрува и на некој начин е реална, вели Никола Димитров, потпретседател во Владата за евроинтеграции во Студио 10 на ТВ24.
– Проблемот трае веќе две години.Односите се изместија, мислам дека е крајно време да се обидеме да ги вратиме односите кон добро. Влогот е огромен, за македонско-бугарското пријателство бидејќи на некој начин сегашната политика на уцена на блокада и вето не раздалечува. Европската приказна бледнее, се појавуваат тензии затоа што драстичноста на македонската европска приказна е највисока, ние сме тие кои и покрај нашите мани добиваме највисоки оценки, ние имаме повисоки оценки и од земјите кои се со години во преговори. Интересот и вниманието расте и во Вашингтон. Не можеме да градиме пријателство со Бугарија ако се гледаме како противници, истакна Димитров.