Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Високиот цензус е реален проблем за референдумот

1
By Соња Петрушевска on June 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во вчерашното гостување на „Топ тема“ рече дека  за да биде успешен референдумот, цензусот е многу висок, особено кога опозицијата се уште има дилеми за својот правец на дејствување. Тој најави дека во претстојниот период ќе следуваат консултации за ова прашање.

Сите ние и Владата и опозицијата мора да ја преземеме одговорноста, зашто граѓаните „без да има натпревар или избори“ тешко излегуваат на гласање, порача Димитров кој потсети дека  веќе е намален цензусот  за избор на Претседател на државата.

Во 2008 година сите политички партии се согласија и ја намалија излезноста за избор на Претседател на државата  од 50 на 40 отсто, за да се спречи можноста изборите да пропаднат доколку некоја партија одлучи да ги бојкотира.

Од Владата за НОВА ТВ изјавија дека не размислуваат да се намали цензусот за референдумот и дека наредниот период ќе се обидат да ги убедат граѓаните масовно да го подржат Договорот со Грција. И од Министерството за  правда рекоа дека не се подготвуваат никакви измени за цензусот што е уставна категорија. За дилемата дали ќе биде задолжителен или консултативен, од Владата велат дека се уште не одлучиле, но упатуваат на изјавата на премиерот Зоран Заев дека “резултатите од референдумот ќе се почитуваат без разлика дали ќе биде задолжителен или консултативен“.

Поранешниот Уставен судија Ивановски вели дека референдумот мора да биде задолжителен.

„Во конкретниот случај кога на  референдум се изнесува прашање од надлежност на Собранието, резултатот од него мора да биде задолжителен. За квантумот на излезеноста – повеќе од половината од вкупниот број на избирачи треба да гласаат за референдумот да биде успешен. За што ќе се одлучат половината од оние што ќе гласаат , тоа решение ќе биде прифатено“ вели Ивановски за НОВА ТВ.

Ивановски додава дека освен краткото време да се спроведе, има и други услови кои референдумот го прават „ризичен“. Како такви, тој ги посочува немањето попис, поради што тешко може да се утврди потребниот цензус, но и изборот на членови Државната изборна комисија кој допрва претстои.

„Тоа се формални причини, но можат да влијаат и врз суштината“ забележува Ивановски.

Според Законот за референдум, Собранието по завршување на рефрендумот, треба во рок од 60 дена да го спроведе резултатот од граѓанското изјаснување. Договорот со Грција предвидува, по референдумот, да се изгласаат и уставните измени во Собранието за што е потребно двотретинско мнозинство.

ВМРО ДПМНЕ се’ уште не се изјасни дали ќе го повика своето членство да гласа на референдумот или не. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ  ја напушти седницата на која се ратификуваше Договорот со Грција, а координаторот Драган Данев кажа дека во наредните денови ќе одлучат дали ќе се вратат во Собранието и  каков став ќе имаат во врска со референдумот.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, дента кога беше објавено дека е постигнат Договор, рече дека „ на референдумот, ќе гласа против“.

Исто така, за исходот на референдумот ќе биде важно за која опција ќе се одлучи и претседателот на државата и дали би поддржал евентуална кампањата за бојкот.

Во однос  на непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот со Грција од страна на претседателот Иванов, поранешниот уставен судија, Ивановски напоменува дека треба да се прави разлика меѓу Закон и Меѓународен договор.

Договорите меѓу две држави  за разлика од законите се специфични акти и не можат да се менуваат со закон. Тој вели дека Иванов, во овој случај не треба да го „потпише Договорот, туку се работи за формален потпис на Указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот со Грција, што во суштина  е објава или така наречена промулгација на Законот. Во овој случај, содржината на Договорот беше обзнанета, објавена, уште со чинот на потпишување на Договорот меѓу владите на двете држави но и со  ратификацијата во Собранието.

Ивановски, сепак очекува  шефот на државата  формално да го потпише Указот.

„Се надевам дека како еден вреден професор и политиколог ќе го потпише и формално овој указ, бидејќи нема алтернатива“, вели Ивановски.

Тој исто така вели дека претседателот ја злоупотребува службената положба, свесен дека во моментов реално нема мнозинство во Собранието за да се покрене прашањето за неговата одговорност – за што е потребно да гласаат дветретини од пратениците. За евентуалната одговорност на претседателот конечниот збор го има  Уставниот суд, каде исто треба да гласаат дветретини од судиите.

Претседателот најави дека нема да стави потпис зашто Договорот „е штетен и спротивен на националните интереси“. Инаку  непотпишувањето на Иванов било предвидено при изработката на текстот на Договорот така што наместо да стои дека е потребно објавување на законот за ратификација во Службениот весник искористена е формулацијата дека Македонија ќе ја извести Грција за тоа дека законот за ратификација добил зелено светло во Собранието. Откако Грција ќе ги извести  Европскиот совет и Генералниот секретар на НАТО дека повеќе нема пречки за евроатлантската интеграција на земјата, се очекува Македонија да добие датум за пристапни преговори и покана за членство во НАТО на јулскиот Самит.

Референдумот ќе се одржи на крајот на септември или почетокот на октомври. Владини извори брифираат дека  кампањата за референдумот  нема да се води  со националистички пораки туку ќе се повикува на заедништво и соживот без оглед на етничката припадност на граѓаните. Идејата е да се формира „заедничка коалиција за евроатлантска Македонија“- што освен владините партнери ќе го вклучи и граѓанскиот сектор.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.