Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје Сабахадин Рустеми поднесе оставка

0
By Zoran Ivanov on October 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини.

Ова го соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, во изјава за медиумите, по распитит во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Алиспахиќ, вели дека оставката Рустеми не ја дава зошто се чувствува одговорен за ситуацијата со сметот во Скопје, туку да не влијае врз истрагата.

Неговата оставка е по советување и координација со нас како бранители. Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на истрагат се со цел да докажеме дека истиот нема никаква поврзаност, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел и ниту ќе попречи во било какво водење на истрагата, изјави синоќа адвокатот Алиспахиќ.

Алиспахиќ, исто така, нагласи дека имаат голем број на докази со кои, како што нагласи ќе докажат дека Рустеми преземал дејствија за обезбедување потребна механизација, барање поголеми ресурси како и вработување, но не му било одобрувано од управниот одбор.

Директорот Рустеми беше поставен на функција од градоначалничката Арсовска на почетокот на годинава.

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

 

комунална Хигиена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.