НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на Фронтекс поднесе оставка по истрагата за нелегални протерувања на бегалци, ЕК се оградува од одговорност

0
By Sashko on April 29, 2022 СВЕТ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Фронтекс, гранична агенција на Европската Унија (ЕУ), Фабрис Леџери поднесе оставка по истрагата за неговата инволвираност во нелегални протерувања на бегалци на надворешните граници на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Оставката на Леџери доаѓа по извештај на ОЛАФ, антикорупциска агенција на ЕУ, но и на темелна истрага на бројни новинари и невладини организации кои со години обвинуваат дека агенцијата Фронтекс и нејзиниот директор знаеле и ги прикривале овие нелегални протерувања на бегалци, кои во некои случаи довеле и до смрт.

Новинарите во Брисел денеска бараа одговор од Европската Комисија (ЕК) зашто досега не реагирала и дали чувствува одговорност што не реагирала до сега на бројните извештаи на оваа тема. Самиот Европски Парламент минатата година дојде до заклучок дека не само Леџери, туку и агенцијата Фронтекс имаат системски проблеми и потребни се темелни измени во начинот на функционирање на агенцијата.

Европската Комисија се оградува и се брани пред обвинувањата. Портпаролите на Комисијата велат дека „секогаш поддржуваме дејствија со цел подобрување на владеењето и заштитата на темелните права“.

Минатата година Фронтекс воведе организациски промени во својата структура по заклучоците на Европскиот Парламент и назначен е директор задолжен за човекови права, негов заменик и дваесетина набљудувачи на човековите права.

Новинарите прашуваат дали Европската Комисија го штитела однесувањето на директорот Леџери, повикувајќи се на изјави, меѓу другото, на потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, кој во интервју пред неколку месеци ги отфрли обвинувањата против Леџери.

„Сега има извештај на ОЛАФ, поднесен му е на засегнатото лице (Леџери), засеганото лице имаше можност да даде коментар и да ја каже својата позиција и најави дека поднесува оставка, неговиот мандат е во рацете на управниот одбор сега, сега е момент на одлука, врз основа на сè што ОЛАФ стави на располагање и одговорите на лицето“, рече Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.

Тој истакна дека е неправедно да се обвинува само Европската Комисија во овој случај, бидејќи надлежноста за миграцијата ја дели со земјите членки на ЕУ.

„Ова е една од најчувствителните области со кои треба да управуваме и таа одговорност ја делиме со земјите членки, лесно е да се обвинува Европската Комисија кога одговорноста е споделена со земјите членки, како што реков оваа организација се градеше во време кога се соочуваше со своите најголеми предизвици и мора да бидеме сигурни дека ќе продолжиме да се подобруваме“, додаде Мамер.

Европската Комисија која има еден член во управниот одбор на Фронтекс најави дека ќе даде подробен коментар за својот став за оставката на директорот на агенцијата наскоро, по завршувањето на состанокот. Според неофицијални информации, управниот одбор ја прифатил оставката на Леџери.

Фронтекс располага со буџет од една милијарда евра за обезбедување на надворешните граници на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.