НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура

0
By Marija Todorovska on June 3, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави  директорката на ДИЦ,  Билјана Михајловска.

Одлуката би била позната во текот на денот затоа што, рече таа, допрва имаат стручен колегиум и допрва ќе ја носат одлуката, а утре ќе имаат средба и во Министерството за образование и наука.

Како што информираше Михајловска, во вибер-група, што постоела и пред полагањето на испитот, бил споделен тестот веднаш кога почнал испитот по мајчин јазик и литература, а линкот на ДИЦ му го пратиле ученици и родители.

-Откако почна испитот, добивме линк дека е споделен тестот во вибер-групата. Значи, откако учениците седнале на место и ги добиле тестовите за да почне испитот, некој ученик го сликал празниот тест и го ставил во вибер-групата со намера некој друг да му помогне да ги одговори прашањата. Потоа неколку ученици меѓу себе споделувале што мислат дека би било точен одговор, рече Михајловска.

Директорката на ДИЦ во изјава за МИА вели дека иако се спомнува број од седум илјади вклучени во групата, тоа не е бројот на тие што го виделе или употребиле линкот затоа што за време на испитот учениците кај себе немаат мобилен телефон. Седум илјади биле членови на вибер-групата која била формирана подолго време претходно.

– Не може да се тврди дека седум илјади луѓе го виделе линкот. Да се случеше три дена порано, тоа е веќе друга приказна, тоа би било пробивање. Но, тестот е споделен во моментот кога веќе сите ученици го имале пред себе тестот. Таа вибер-група е формирана пред долго време и таму си разменувале информации за начинот на учење, кој материјал да го користат итн. Тоа е група во која матурантите си помагале меѓу себе за подготовка на матурата. Седум илјади деца, но и возрасни, биле членови на таа група, но тоа не значи дека во моментот на испитот тие седум илјади активно ја користеле групата бидејќи немале телефон, иако тој што го сликал имал мобилен телефон, рече директорка на Државниот испитен центар.

Не  е познато кој го сликал тестот и кој го споделил во групата бидејќи, вели, не значи дека во вибер-групата учениците ги користат своите имиња, а ДИЦ, рече Михајловска, нема надлежност да истражува.

-Она што ние имаме намера да го направиме и, без оглед на вибер-групите, го правиме сите години наназад, е да констатираме дали има два идентични теста односно делови од текст. Кога ќе го констатираме тоа, не ни треба вибер-група за такво нешто, додаде Михајловска.

Матурантите во саботата го полагаа задолжителниот екстерен испит, за кој беа пријавени 10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

За да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишувања или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик, оваа учебна година матурантите наместо во училници, првпат полагаа во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање во кои беа ангажирани повеќе тестатори.

Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

ДИЦ државна матура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.