Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џекна није умрла, а ка’ че не знамо

0
By Биљана Секуловска on August 8, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Некаде помеѓу трагичните загинувања од поплавите во Тетовско и колнењето на ВМРО-ДПМНЕ упатено до СДСМ (Не можеме да спречиме дожд, колку и да сакаме, јаз’к да ви е што смртта на невините жртви ја користите за политички цели- нели за разлика од власта, убаво видовме од бомбите, смртта е за криење во плакар, особено кога не е во политички цели), се појави веста за изградба на Панорамското тркало насред Вардар во Скопје.

Се калкулира со различни суми колку би чинело тоа чудовиште од Тркало: бројките се движат од смешни 15- 18.3 милиони евра, значи нешто повеќе од ситницата од, наводно, 5 милиони евра за споменикот на Мајка Тереза и наводно, 8 милиони евра за фонтаната која ќе ја придружува (секогаш некоја нова будалаштина доаѓа во придружба, затоа што глупоста не може да живее сама).

Се разбира, традиционално кога станува збор за Скопје 2014, загрижените од фотелја земаат дигитрон и започнуваат лицитација што се можело со овие дваесетина милиони евра, а што нема со години: реагенси за крв и најосновни инструменти, стерилни гази и по некој фластер, пипс-спреј за лебарките по болниците и плаќање жени- крпачки- платени нарикачки како за погреби (некој во оваа земја мора и да глуми дека плаче над судбината на овој народ, додека власта стамено се држи и не им попушта на клетите Американци, странски служби и соросоидите што ќе го преземат СДСМ, а кога- не се знае, согласно поетичното мото кое му се припишува на Заев- Џекна није умрла, а ка’ че не знамо), стриктно платени да ги подзакрпат искинатите чаршафи на кои лежат пациентите, можеби пет-шест хигиеничари за тоалетите, за да не изгледаат покатастрофално од оние во студентскиот дом Гоце Делчев, спремни за опис во некое ново продолжение во Гардијан.

Понатаму, следуваа идеи за одговорно и планско градење канализациони системи, значително зголемување на платите на инспекторите за да се избегне давање мито и со тоа да спречуваат дивоградби, потоа можеби и не е лоша идејата преку самопридонес на граѓаните да се исплаќаат Груевски и неговата Влада (скромно по 1 евро месечно од граѓанин, значи приближно, еден милион и 800 илјади евра секој месец би завршиле во џебовите на премиерот и неговите најважни луѓе- ако може да и се верува на оваа аматерско-дилетантска калкулација на населението): за да се спречи непланско сечење на шумите , да се дозволи регулација на водите, што би довело до избегнување на човечките жртви и штетните последици од непогодите, итн. итн.

Видете, искуството со грандиозно-болниот проект на Скопје 2014 покажа само едно: и да му стават на секој граѓанин (за по некој исклучок подолу во текстот: види Буковски) по едно панорамско тркало на грбот, ќе го носи, нишајќи се и тетуравејќи се, гордо својот крст. Таа вистина за овој народ ја имаше на ум Груевски сите овие години. За таа болна вистина за овој народ Заев не сакаше да знае, кога реши да и стави крај со бомбите.

Секоја сериозна научна студија за политичка култура на еден народ, вклучувајќи го и македонскиот, ја потврдува неизбежноста од меѓусебна зависност и испреплетеност на следниве фактори и индикатори (одлично анализирани од Хантигтон, кога ги истражува теориите за демократизација и креирање на демократија во едно општество во третиот бран, идентификувајќи ги притоа разликите на земјите во демократските перформанси зависно од степенот на политичка култура): историско наследство, политичка историја, политички и економски индикатори, класни промени, културни фактори (вклучувајќи го и нивото на писменост и образование низ историјата) и религијата како фактор.

Буковски е мајстор во правење на политичка анализа на субмисивност на народот која наликува на парохијална политичка култура (типична за племенски општества)- тој прецизно ја дефинираше, кога ги напиша стиховите во “Фуснота за создавање на масите”:

Некои луѓе се млади и ништо повеќе,
а некои луѓе се стари и ништо повеќе,
а некои луѓе ни стари, ни млади
и само тоа.

И мувите да носат облека
И сите згради да изгорат во златен оган
Небото да се заниша како стомак на стриптизета
И сите атомски бомби да заплачат,
Некои луѓе би биле млади и ништо повеќе,
а некои луѓе стари и ништо повеќе

А останатите би биле исти
останатите би би биле исти

Оние неколку поинакви
доволно брзо ги отстранува полицијата
или нивните мајки, браќа, останатите;
и тие самите.

Се што останува е она што гледаш.

Тешко е…

*Насловот на текстот е преземен од црногорската ТВ серија “Ђекна још није умрла, а ка’ ће не знамо” (1988)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

ВЕСТИ November 4, 2025

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот…

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.