Американскиот државен секретар Џон Кери имаше средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, при што му подари два големи компири, јави ИТАР-ТАСС.
– Со министерот Лавров разговаравме пред неколку недели и планиравме да го разгледаме прашањето за Сирија, изјави Кери и кажа дека за време на телефонскиот разговор со Лавров се шегувале во врска со компирот, одгледан во американската сојузна држава Ајдахо.
– Денеска донесов од тој компир, додаде Кери и од една бела картонска кутија извади два такви компира и му ги подари на рускиот министер, со што предизвика смеа кај двете делегации.