На 14-ти јуни како главна ѕвезда на фестивалот, на Скопско Кале ќе настапи панк – рок легендата Џон Лидон со својот бенд PIL – Public Image Ltd.
Лидон и е познат на публиката по неговото уметничко име Џони Ротен, главниот вокал на легендарните Секс Пистолс.
На „Скопје Гори 2013“ ќе настапат четири македонски бендови кои во областа поп/рок/металот ги одбележаа изминативе 20 години: „Ареа“, „Нокаут“, „Last Expedition“ и „Санаториум“, а фестивалот ќе го отвори групата „Пеперминт“.
Картите во продажба ќе бидат пуштени од 4-ти март, а од Авалон потенцираат дека ова ќе биде единствениот настан кој ова лето ќе го организираат во Скопје.