Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Да се исфрли балансерот од Законот за административни службеници, луѓето лажат за да се вработат

0
By Ivana on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на денешната седница говореше за предмети кои пристигнуваат до Антикорупција за тоа кога кандидати за вработување ја менуваат националноста, со цел да ги исполнат условите од балансерот и да се вработат.

Таа конкретно образложи предмет, при што е утврдено дека во Агенцијата за вработување кандидат за вработување е заведен како Македонец, а примен е како Албанец.

– За жал, ова не е првпат и за жал немаме начин како да се казнат, оти не е предвидена ваква казна во законите. Единствена препорака ќе биде, а и онака се прави законот за административни службеници, балансерот да се исфрли од употреба, заради тоа што нема ефекти, луѓето лажат, за да се вработат. Балансерот џабе постои, во секој случај нашата Комисија отсекогаш се залагала за вработување квалитетни кадри, што ќе ги исполнуваат критериумите за квалитет и затоа нема потреба луѓето да се ставаат во вакви состојби, рече Ивановска.

ДКСК ќе го архивира предметот, а препораката ќе ја достави до Министерството за информатичко општество и администрација.

Шемши Салаи, член на ДКСК образложи предмет во кој се работи за избор на советник во Советот на општина, а истовремено е вработен во МВР, како униформиран полициски службеник. ДКСК по разгледување на случајот и врз основа на важечките закони утврдила дека станува збор за неспоивост на функции и прекршување на забраните предвидени со закон. Предлага на лицето да му се поднесе прекршочен платен налог за сторен прекршок неспоивост на функцијата, да се извести МВР каде е тој вработен, да се бара да се поведе дисциплинска одговорност, да се извести лицето за состојбата во која се наоѓа и да преземе соодветни мерки, како и да се испрати известување до Советот на Општината.

Салаи откако го образложи предметот во однос на договорот од 2016 година на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, за што имали пријава за противзаконско земање надоместоци – плата како редовен вработен во ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија Скопје, како редовен професор и вршење должноста ректор, ДКСК заклучи дека нема можност за понатамошно постапување согласно законски утврдените надлежности и постапката се запира.

Јанкуловски откако ДКСК побарало од него да поднесе барање за мирување на рабониот однос во Универзитетската клиника за времетраењето како ректор на УКИМ, повел управен спор против Антикорупција при што е оспорено ова барање. Управниот суд тужбата на Јанкуловски ја уважува и смета дека од негова страна не се преземени незаконски дејствија спротивно на Законот на спречување на корупција и судир на интереси од причина што согласно уставот на РС Македонија, Универзитетот има своја автономија

Билјана Ивановска, претседател на ДКСК се надоврза и информира дека од минатата година Јанкуловски има нов договор, но и нова пријава до Антикорупција, за што ќе се произнесат на следната седница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.