НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневник: Лажен сјај и национализам во Скопје

0
By Сашка Цветковска on April 13, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој текст е на новинарката од “Нова” Сашка Цветковска, а напишан е за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа во нивната редовна неделна рубрика наречена Дневник. Дневникот за балканскиот сервис го пишуваат новинари, политичари, уметници, писатели, режисери и активисти во невладини организации од целиот Балкан. Дневникот излегува уште од 1995 година. Оваа недела беше поканета нашата новинарка да го напише дневникот. Фотографијата во прилог е на познатиот македонски фоторепортер, Томислав Георгиев

Сабота, 6 Април 2013

Го почнувам овој дневник на денот на предизборниот молк. Локални избори 2013. Еден ден одмор од безмилосното злоставување на државата од страна на партијата. Отворам фејсбук и твитер. Денешниот хит на социјалните мрежи е текстот на хрватскиот писател Јурица Павичиќ за весникот “Јутарњи лист”. Скопје денес е град – триумф на лузерите, пишува Павичиќ за шокот од мегаломанските барокни згради и купишта бронзени споменици во центарот на градот. “Тоа попладне пред мене беше друг град, некоја мешавина од Лас Вегас и Пјонгјанг, со примеси на Аликарнас и Ашкобад.

Тој град е полуд од најлудите идеи на туркенискиот диктатор Сапамурат Нијазов,“кажува Павичиќ. И не го осудувам човекот. Јас веќе одамна не поминувам низ центарот на мојот роден град, освен ако морам. Затоа што секоја средба со него за мене е нов шок од кичот и мегаломанството…секое поминување од таму, и покрај тоа што живеам овде и покрај тоа што напишав безброј текстови за стотиците милиони евра кои се потрошија на тој грозен бетон и лажен сјај, јас одново и одново останувам шокирана при секоја наша средба и одново и одново се згрозувам како секој Јурица Павичиќ кој прв пат го гледа ова мегаломанство и кич.

Го споделувам овој текст на мојот профил, но немам време да седам и да им одговарам на сите полудени патриоти кои со задоволство ми порачуваат дека ако не ми се допаѓа, можам слободно да си одам од овој град. Да, да, тоа е реториката. Дури и една моја колешка – новинарка слободно ми ја испраќа таа порака. Затоа и не возвраќам.

Затоа што вчера, по речиси две години тајност и целосна нетранспарентност, владата го најави новиот закон за медиуми. Закон во чија подготовка новинарите не беа вклучени. Денес ќе одам на состанок со моите колеги, оние малкумината новинари кои останаа, оти знам дека колегите кои ни порачуваат да се селиме од градот нема да не одбранат на националните телевизии каде што работат. А во оваа чудесна земја во последно време само на таквите им се дава простор. Ние, новинарите, сме маргиналци.

Недела 7 април 13

Втор круг од локалните избори. Утрото почна нормално. Малку семејно гласање, малку пукање, по некоја искршена гласачка кутија. Денес ништо не е важно, како што е важна општината Центар во главниот град Скопје. Во првиот круг со мала разлика победи кандидатот на опозицијата, Андреј Жерновски. Нерегуларности имаше многу, но ниту една жалба не беше прифатена. Во вториот круг повторно е тензично. Се гласа како да се работи за живот или смрт.

А можеби и се работи. Власта не сака да го даде Центар. Центар е симболот на нивното владеење. Таму се сите споменици, сите барокни згради, сите нивни дела и сите потрошени пари. Таму тие ги реализираат своите националистички соништа. Таму фирмите на нивните пријатели го градат нашиот срам. Толку не го даваат, што одеднаш жители на Центар преку ноќ станаа жителите на албанското село Пустец кое се наоѓа на границата со Албанија кај Преспа, претежно населено со Македонци. Се појавија неколку стотини од тие кутри и сиромашни луѓе овде во центарот на Скопје, добија лични карти на адресите на становите во сопственост на едно јавно претпријатије.

На една адреса се регистрираат и по 70 луѓе, сите од Пустец. Министерството за внатрешни работи не одговоара како им се издадени личните карти. Велат – тоа се студенти од Турција. Навикнати сме ние на тоа потценување. Кутрите луѓе од Пустец гласаа во Центар. Ние граѓаните сме повторно посрамени и понижени.

Како и да е, ни Пустец не помага во Центар. Се поизвесно е дека власта ја загуби општината.

Вечерта бев во владејачката партија. Прогласија победа во 56 општини наспроти 4 на опозицијата. Премиерот се обрати последен. На крајот од својот говор рече – Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее коалицијата, да живее Македонија. Благословот за партијата секогаш доаѓа пред благословот за државата. За нив партијата е државата. Или тоа е едно исто. Очекувам годинава, како и на секои други избори ОБСЕ повторно да констатира – Нема јасна граница помеѓу партијата и државата. Силна е злоупотребата на државните ресурси во партиски цели.

Понеделник, 08 Април

Денот ни почнува со задоцнето читање на коментарот на главниот уредник на дневниот весник “Дневник”. Насловот е “Загреб – град триумф на простаци”. Не, не, не можат душичките на режимските новинари да поднесат било каква критика на нивна адреса. За него Јурица Павичиќ, е таму “некојси кој никој не го знае”. “За оние што немаат храброст јавно да го кажат своето мислење за Скопје 2014 и во крајна линија машки да се соочат со санкцијата за тоа, не вреди да се напишат зборoви”, ќе забележи Јаневски. Не знам за Јурица Павичиќ, ама јас воопшто не се сум зачудена. Тоа е тоа размислување – ако го кажеш своето мислење, следат санкции. Така е тоа во Македонија.

Кога сме кај санкциите, денес претставници на владата ќе го промовираат законот за медиуми. Законот од чија подготовка сите новинари беа исклучени. Тие тоа уште го нарекуваат јавна расправа. Последен обид за собирање поени од Брисел, последен обид да покажат дека тие се многу загрижени за слободата на медиумите.

Отидовме таму. Четирите новинарски организации решија дека треба да ја бојкотираме расправата. Бараме повеќе од само десет дена колку што тие нудат за законот кој е прв во сферата на регулација на медиумите. Ние не им веруваме. Имаме и зошто. Па нема ни три месеца откако не исфрлија од Собранието и не се ни извинија, ниту одговорија зошто.

Чекаме пред вратата на просторијата каде треба да се одржи расправата. Делиме летоци со нашата реакција. Министерот за информатичко општество одбива да го земе летокот. Одам по него до масата на која треба да седне. И не, не го зема. Знам, не ги интересира дотолку што не се обидуваат ниту да се преправаат дека ги интересира.

Вторник, 09 Април

Гласовите во Центар уште не се ни пребројани, а веќе се редат нови споменици. Започнаа уште вчера утрото. Продолжуваат денес. Едноставно нема крај. Во меѓувреме, дојден е еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Нервозно помина седницата на Националниот совет за евроинтеграции. Ниското ниво на култура и вербално општење помеѓу претставниците на власта и опозицијата го испровицираа релативно сталожениот Чех, па стана и рече “Јас имам едно прашање: Уште колку сакате да чекате? ….Ние сме заинтересирани за напредокот и таа е таа агенда. Но вие… Некои од вас не се во таа насока! Имиџот на Македонија не се подобрува, ни во Брисел, ни кај земјите членки!“. Филе го кажа она што сите го знаеме. Она што и тој добро го знае, ама во интерес на некакви високи политики не се решава така често јавно да го каже.

Среда, 10 Април

Денеска сите се потсетуваме на загубата. Истражниот судија излезе и пресече – Новинарот Никола Младенов загина во класична сообраќајна несреќа. И толку. Не разговараат тие со нас, не. Младенов е основач и сопственик на критичниот неделник и дневник “Фокус”.

Младенов е симболот на истражувачкото новинарство во Македонија. Весниците “Фокус” не излегуваат веќе две недели, откако се обзнани дека неговиот сопственик загина во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Скопје. Многу прашања остануваат неодговорени. Сомнежите се уште висат во воздухот. Каде бил Младенов, како е можно да излетал од задното стакло, каде е неговиот мобилен телефон? Не, одговори нема. Случајот се затвори како несреќа.

Новинарите од Фокус ги подигнаа своите откази. Не се знае кога весниците ќе продолжат да излегуваат. Финансиската состојба им е тешка. Како и во секој друг критичен медиум, огласувачите се плашат да се рекламираат. Сопствениците на големите супермаркети не сакаат Фокус да се продава таму. Во малите трафики газдите ги кријат весниците под касата. Тешко е да се зборува вистината. Или во манирот на обраќањето на Дарко Јаневски кон Јурица Павичиќ – кажи го своето мислење и соочи се со санкциите.

Ова е веќе не знам кој по ред критичен медиум затворен во последните две години.

Четврток, 11 април 13

Бев во Загреб на денот кога Готовина беше ослободен и се врати во Загреб. Денес во Скопје се врати Јохан Тарчуловски, осуден воен злосторник кој одлежа осум од 12 години, но Хашкиот трибунал му ја намали казната. Славјето ме потсети на она во Загреб.

Национализам, национализам, национализам. Цела влада излезе на пречек. Се испратија грди пораки во нашата мала мултиетничка земја каде мирот постојано виси на конец. Се пееја песни за верата, за крвта македонска, се скандираше Македонија на Македонците! Се слушаа пораки за некави идни битки. Се вееја џиновски знамиња, меѓу кои и знаме со Исус. Исусе!

Не излегувам од дома! Ама од чиста новинарска љубопитност го следам пречекот на Јохан кој, нормално, оди во живо на јавниот сервис. Некој на Фејсбук нашега пишал – мој предлог за решение за спорот со името со Грција е Жална Македонија. Горчливи се нашите досетки и нашиот сарказам во последно време.

Петок, 12 Април

Денес е нов ден. Не знам што точно ме чека, ама имам неколку претпоставки. Сигурно ќе стават нов споменик. Во последно време имам чувство дека на секои три часа се мести споменик. Можеби ќе објават и нов тендер за нови реклами. Рекламирањето на владата е втор по популарност спорт после местењето споменици. Или пак, ќе навредат некој новинар. Третово не е спорт, тоа е начин на живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.