Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До ЈО пристигнати неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите

0
By НОВА ТВ on October 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека до 19:00 часот денеска пристигнале уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапувала Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности.

– Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен обвинител, полицијата постапува за негово пронаоѓање и приведување. Во гостиварското обвинителство пристигната е информација за лице кое го сликало гласачкото ливче. Полицијата постапува во насока на расчистување на настанот, информираа од ОЈО.

Основното јавно обвинитeлство Кочани примено е едно известување и две кривични пријави. Поднесено е известување, како што додадоа, од политичка партија, во врска со лице кое вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место.

– По поднесена пријава за лице кое вршело агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет и дадени се насоки за натамошно постапување. Пријавено е и лице кое со возило вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место и вршело влијание врз гласачи за тоа како да го вршат нивното гласачко право. По пристигнување на кривичната пријава, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“, посочија од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Кавадарци, како што информираа од ОЈО, постапува за настан од избирачко место во Демир Капија. Пријавено е дека лице искинало гласачко ливче, поради што оформен е предмет за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ . Обвинителството издаде насоки за прибирање докази и комплетирање на документацијата.

– Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Јавното обвинителство со цел превенирање и спречување на евентуални изборни нерегуларности, денеска ги координираше постапувањата на основните јавни обвинителства по пријави за настани поврзани со изборниот процес. По дадена насока, покрај редовните дежурства, во основните јавни обвинителства беа организирани и дополнителни дежурства на јавни обвинители, кои во текот на денот остваруваа интензивна соработка со службените лица од МВР со цел проверка на наводите од доставените пријави и информации, истакнаа од ОЈО.

Оттаму наведоа дека вкупно во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, во Комисијата, во основните јавни обвинителства и на објавената електронска адреса за пријавување сомненија за изборни нерегуларности, пристигнале поголем број поднесоци и пријави.

– По извршените проверки, засега, само во мал дел од пријавените настани се пронајдени елементи на сторени кривични дела поврзани со изборите и гласањето. Постапувањето на обвинителствата ќе продолжи до целосно расчистување на настаните и донесување на соодветни јавно обвинителски одлуки., додадоа од ОЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

ВЕСТИ October 3, 2025

Петнаесетина дронови ја надлетаа белгиската воена база „Елзенборн“ во источната покраина Лиеж, потврди канцеларијата на…

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

October 3, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.