Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До кога господине премиер Груевски???

0
By Нова ТВ on October 21, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

• До кога Вашиот министер за финансии Ставревски ќе си дозволува (или пак Вие му дозволувате) со месеци наназад на голем број граѓани навреме да не им ги исплатува одработените и чесно заработени пари кои минуваат преку трезорската сметка?.
• Важат ли за него одредбите од Законот за финансиска дисциплина или тој може да се однесува како сака??
• Знаете ли дека откако од страна на работодавачот ќе биде даден налог за исплата на тие средства, за да истите од трезорската легнат на трансакциската сметка на еден граѓанин, се чека по неколку месеци.
• Дали со ваквиот начин на работа и однос кон граѓаните сакате да ни кажете дека тие зависат од добрата воља на министерот кој на ваков нехуман и перфиден начин си дозволува поигрување со нивните судбини и со нивното достоинство?.
• Знаете ли што значи при легално одработени и заработени пари да останете без пари?? (прашајте ги хонорарците на некои од универзитетите колку време чекаат да им се исплатат нивните хонорари)
• Знаете ли колкава е непријатноста кога ќе Ви се јават и кога ке ви кажат дека доцните со уплата на ратата за кредит, со месечната рата на кредитната картичка, со сметките за струја, вода, парно и т.н!?.
• Знаете ли колку е непријатно кога ќе дојдат да ви ја исклучат струјата затоа што доцните со плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, само заради тоа што некој со месеци ви ги задржува вашите одработени и заработени пари!?.
• Знаете ли Вие дека за секое задоцнето плаќање сметките (благодарение токму на министерот за финансии) голем број на граѓании кои со месеци чекаат средствата од трезорската да им се исплатат на трансакциската сметка плаќаат енормно високи камати за секоја задоцнета уплата!?.
• Задоцнетото префрлање на средствата од страна на трезорот не носи камати, туку само носи срам, црвенеење и губење на достоинството на граѓанинот кој не по своја вина е доведен во таква ситуација.
• Можеби министерот и останатите функционери поради високите плати и други приливи по разни основи на нивните сметки го немаат овој проблем и тие можат со месеци да чекаат на исплата на средства од трезорската на нивната трансакциона сметка. Но, најголем број на граѓани го имаат овој проблем и се сериозно загрижени за обезбедување на спокојно и мирно секојдневно опстојување.
• Ова веќе ги поминува сите граници на човечко и коректно однесување и лично за мене е злуопотреба на функцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.