НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До подобро здравство со бугарски пасош

0
By Томе Христов on June 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата „средба“ со струмичкиот Здравствен дом на самиот влез веројатно е добра подготовка за она што ве очекува како пациент.


Влез во здравствениот дом во Струмица во кој се наоѓаат неколку медицински служби и итната помош

А пацинетите не го кријат своето незадоволство.

„Погледнете на што личи чекалната и се ќе ви биде јасно, овде во зима ќе се разболиш чекајќи, исто е како и пред 50 години“, вели нашиот соговорник кој чекаше за преглед.

Веројатно една од поужасните глетки е онаа од дежурното одделение во домот.
„Наместо да добиеш лекарска помош може да ти се слоши ако отидеш на дежурно одделение во Здравствениот дом во Струмица“, ова се честите одговори на граѓаните кои чекаат ред за лекарски преглед во струмичкиот здравствен дом

Зградата со испуканата фасада, како и одделенијата не се променети со години. Одговор побаравме од првиот човек на оваа институција Атанас Чаушевски. Директорот не можевме да го добиеме по телефон и по неколку испратени пораки. Лекарите велат дека никој друг не може да даде изјава.

Незадоволството на пациентите го делат и тие. Мака се мачи со човечки ресурси, набавки, возила, инфраструктира.

Едно возило на итна помош покрива 5 проценти од жителите на Македонија

На територија од Радовиш до Валандово, опфаќајќи и 72 села во струмичкиот регион, функционира само една екипа за Итна помош, а тоа значи дека одговара на повиците на над 120 илјади жители.

Од Итната помош велат многу често се случува да не можат да одговорат на повиците, од едноставна причина што не можат да стигнат во ист момент на две места доколку се на поголема оддалеченост и затоа некогаш доаѓа до несакани и тешки последици.

Извори за НОВА потврдија дека дел од возачите на возилата за Итна помош немаат положено Ц категорија, мобилните екипи кои работат по 12 часа се соочуваат со укинување на оброкот, платите на вработените им се намалени, а персоналот нема бенефициран стаж иако законски ги следува.

„Мој термин“ – реформа или погрешна терапија

„Пациентите немаат доверба кај оние од кои бараат помош, направија револт помеѓу нас вработените поставувајќи катастрофални методи како „Мој термин“ и „Плаќање по учинок“.

Потребно е претходно да се направи платформа, база, да се создадат услови за да функционира сето тоа, во овој момент е невиден хаос“, изјави лекарка за НОВА која не сакаше да го каже своето име и презиме плашејќи се од последици по работното место.
Ги прашавме граѓаните кои ги затекнавме во чекалните како функционира „Мој термин“, колку се чека, дали веднаш се влегува на закажаниот термин.

„Со мој термин не може да бидеме задоволни, поздравете го министерот Тодоров и кажете му дека ништо не функционира“, вели една госпоѓа која имала закажено во 10 часот за да ја примат дури по четири часа, во 14 часот.

На истото место го сретнавме и струмичкиот актер Бенинов, но овој пат во улога на пациент. Ако не му веруваш на системот, верувај и на личноста на која си и го доверил своето здравје е неговата максима.

„Ми се чини дека не станува збор за систем, туку за личности. Секаде каде што луѓето се совесни одговараат на нивната заклетва, ми се чини дека во здравството тоа функционира“, рече Бранко Бенинов.

„Секогаш нешто доцни, секогаш нешто се чека, но генерално мислам дека има подобрување. Јас лежев на интерно одделение и сум задоволен од услугата“, вели Васил Палифров.
„Се е исто, јас сум 70 години и од кога паметам се нема сменето ништо, просториите се исти, сликата е лоша, внатре по 100 луѓе. Единствено подобрување е што сега со закажувањата нема многу чекања“, вели Томе Црваров.

На реформите им фалат луѓе

За чекањето и нервозите пациентите проблемот го посочуваат во недостиг на лекари. До такви податоци дојдовме за некои одделенија во Општата болница како педијатрија и нефрологија, иако директорката Анкица Ангова вели дека се постигнува да се одговори на обврските.

„Педијатрија е дефицитарна на ниво на држава. По проектот од 2005 кога се поделија болниците на примарна и секундарна здравствена заштита планираните педијатри отидоа во здравствени домови. На други им се даде шанса да излезат приватно, па болниците се најдоа во ситуација да имааат недостаток за обемот на работата. Во моментов располагаме со четири педијатри со кои можеме да ги покриваме потребите на болницата“.

Директорката Ангова смета дека здравстото, и покрај многубројните поплаки, е подобрено.

„Ресурсите беа исцрпени, сега последните две три години работите што се имплементираа придонесоа да се промени и погледот и свеста и кај вработените и кај пациентите. Сега докторите се принудени да обрнат посебно внимание кај пациентот, односно да работат на докази. На пацинетите никогаш повеќе не им се пружело подобра услуга.
Инфраструктурата и апаратурата во општата болница се подобрува

Во делот на содржината и инфраструктурно сме посовремени. Сите хируршки амбуланти, се нови, сите делови се компјутеризирани за да можеме да одговориме на реформите, имаме ехо за колкови на доенчиња“, апаратура за оперативниот блок, рече Ангова.

Таа ја демантираше состојбата на која ни беше укажено дека во иста хирушка сала се оперираат тешко болни и се внесуваат родилките.

„Веќе од октомври е почнато со реконструкцијата и од ноември работиме со три операциони сали. Една специјална сала за гинекологија, една за ортопедија, и една хируршка сала“, рече Ангова.

Првиот човек на Општата болница исто така потенцираше дека сите одделенија на кои лежат пациенти се реновирани и опремени со телевизори.

Дел од пациентите го велат спротивното од она што го кажува Ангова. Пациент, кој поради постоперативни компликации отишол на преглед во Општата болница, четири часа чекал да му соопштат дали ќе го задржат во струмичката болница или ќе го испратат на Клиничкиот центар во Скопје.

„Откако во 13 часот беше утврдено дека лекарите овде не можат да интервенираат, одлучија со возило на Брзата помош тој да биде однесен во Скопје. Меѓутоа, на возилото се чекаше се до 18 часот, кога конечно го однесоа во Скопје“, вели член од семејството на пациентот.
За дефицит со возила се согласи и директорката Ангова, која вели дека во исклучителни случаи се бараат возила од здравствениот дом.

Инфраструктурата на општата болница во Струмица, односно изградба на крилото каде што ќе има шест нови операциски сали и подобри услови за извршување на оперативните зафати, е исто така постојана тема пред избори, па така беше и за време на неодамнешните вонредни парламентарни избори. Вицепремиерот Ставрески уште еднаш истакна дека ќе се вложат дополнителни 135 милиони денари за реконструкцијата, од вкупните 2 милиони евра кои се предвидени за купување на опрема.

Од опозицијата пак велат дека е доста од лажните ветување на Ставревски, кој шест пати пред секои избори ветува дека ќе го изгради медицинскиот центар во Струмица.

Од село на лекар – невозможна мисија

Општина Ново Село е оддалечена 25 километри од Струмица. Таму живеат над 5 илјади жители. Во оваа општина спаѓаат селата Габрово, Колешино, Мокриево, Борисово, Мокрино, Самоилово, Смоларе, Дражево, Ново Коњарево, Сушица. Тамошните жители со носталгија се сеќавааат како пред 30 години таму имало и амбуланта и породилиште и дежурна екипа. Денес немаат ништо.

„Има двајца матични лекари кои работат од осум наутро до шест попладне во амбулантата, потоа нема дежурен лекар. Ако треба да дојде брза помош може човек и да умре. Другиот случај е да одиш до Струмица со сопствена возило, а со со такси до таму е 500 денари, вели нашиот соговорник од Ново село.

Тие се жалат дека пред изборите им било ветено дека ќе добијат дежурен лекар, лабараторија и ренген, но се уште нема ништо.

„Жените имаат уште поголем проблем, еднаш неделно доаѓа гинеколог од Струмица, но тоа е исто како да одиш на бајач, зошто нема ехо“, додава соговорничката.

Главната вина во македонското здравство е монополистичката позиција на Фондот за здравство, велат од лекарската фела.

„Нуди фондот договор кој се состои од осум страни од кои седум и пол се обврски спрема нас и половина страна обврски спрема нив. Тоа значи секој граѓанин во Струмичко има право да бира 72 матични лекари, а ние како здравствена институција немаме право на избор, тој е фондот еден и единствен, тој казнува и помилува. Не може да се стави ред во здравството се додека имаме еден фонд“, вели лекар во Ново Село.

Матичните лекари во Ново Село кои работат до 18 часот велат дека минатата година во месец декември опслужувале како дежурни лекари, но само еден месец зошто таков бил договорот по налог од Фондот, се додека да се формира дежурна служба.

Амбуланта во Ново Село

Во Ново Коњарево, неофицијално жителите велат дека министерството за здравство има распишано рурални амбуланти – концесии, но како што изјавија, директорот Чаушевски не распишувал оглас за лекари, туку тој ги покривал повремено со брзата помош од Здравствениот дом во Струмица, а за сето тоа земал 65 илјади денари капитација.

Соседното село Дражево кое брои околу 300 жители во кое има амбуланта со општ лекар до 14 часот ги прегледува, жителите на Смоларе, Коњарево и Дражево.

Докторката Билјана Панчева која ја затекнавме на затварање на амбулантата во селото Дажево вели дека седум години дежурела во Ново Село и им било кажено дека треба да се формира дежурна служба, но од тоа се уште ништо.

„Никој не не праша како издржуваме психички и физички, овде се иселува народот, стари умираат и не знам колку можам да издржам веќе, вели Панчева.

„Нема дежурна екипа, јас минатата недела ја носев сопругата до Струмица, си плативме 450 денари во еден правец, а пари нема од што да вадиме, останавме само пензионери, младите си одат од тука“, вели Лазар Трајков, жител на Дражево.
„ Незнам како ќе издржиме, дома имам едно ќесе лекови, а кога треба да одиме до Струмица ни треба 500 денари со такси во еден правец, вели пензионерот Кирил Тенов од Дражево.

До подобро здравство со бугарски пасош

Продолживме и до последното село кое граничи со Бугарија и е на само еден километар од граничниот премин. Селото Старо Коњарево брои околу 500 жители и тие што се останати претежно одгледуваат тутун.

Јордан Михајлов и Богдан Илиев ги сретнавме пред продавницата на сред село.
„Нема ништо, имаме еден лекар во Дражево до 14 часот и толку. Минатата година имаше два смртни случаи, зошто немаше итна помош. Додека да стигнат во Струмица починаа, рекоа Јордан и Богдан.

Mладите од ова село кои имаат бугарски пасоши почесто одат во Бугарија до Петрич на прегледи. Тоа го прават затоа што им е поблиску, но и затоа што се позадоволни од услугите таму, велат нашите соговорници.

„Во овие села нема ниту аптеки, па треба да се оди до Ново Село или Струмица. Затоа, ако имаш бугарски пасош, исплатливо е да одиш до Петрич. Има лекови, има лекари, многу сме задоволни“, вели наш млад соговорник со бугарски пасош кој сакаше да остане анонимен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.