Властите на Малезија обвјавија транскрипт од разговорот помеѓу контролната кула и пилотот на малезискиот Боинг 777 за кој и понатаму се води истрага.
Според транскриптот, последните зборови кои ги размениле се „Добра ноќ“.
„01:19:24 Малезија 370, контакт Хо Чи Мин, 120 децимали, 9, Добра ноќ.
01:19:29 Добра ноќ, Малезија 370“, е последниот разговор забележан преку радиоврската.
За речиси една недела, истрагата за исчезнатиот малезиски авион ќе влезе во полн месец, а засега нема никакви резултати или докази за мистериозното исчезнување на кое работат преку 20 земји.
Тој исчезна на 8.март при неговото патување од Куала Лумпур кон Пекинг со вкупно 239 патници и членови на екипажот.