Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добрата судбина на Гркот Кондоминас во Македонија

0
By Сашка Цветковска on January 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Грција лоша среќа, а во Македонија добра судбина – во кратки црти вака би можела да се опише бизнис приказната на мистериозниот грчки милијардер Димитрис Кондомонас. Се чини дека проблемот со „лошиот“ јужен сосед не претставува никаква пречка за пазарите на овој бизнисмен со македонската влада – и оваа и претходните.

Вечерва Кондоминас е во рацете на грчките истражители – истрагата нема милост, па милијардерот исказ дава од болница. Иронијата на судбината сакаше тој да се спаси од истраги и обвиненија за поткуп на македонски функционери во милиони евра, а да им „падне“ враце на грчките обвинители во истрага за мито и перење пари од неколу десетици илјади евра. Но, кој е Кондоминас и што има тој со Македонија.

Гркот од аферата Телеком

Една од најпопуларните врски на Кондаминас со земјава е и неговото учество во корупцискиот скандал Телеком. Шемата со корумпирани политичари и документите кои ги објавија американските институции во кои беа покренати обвиненија против инволвираните од Маџар Телеком, јасно покажуваат ,функционери од двете македонски партии во времето на владата на Бучковски земале поткуп преку оф шор фримата на Гркот Кондомонас – кипарската Чаптекс Лимитед. Во тоа време,пак, компанијата Стоне Бриџ Комуникации е претставник на капиталот на Маџар Телеком во Македонија, каде што акционер е и Димитрис Кондаминас. Обвинетите од Телеком склучувале лажни договори за консултантски услуги со Чаптекс, а потоа со тие пари се подмитувале македонските политичари и фунционери со цел да се помогне во одржувањето на монополската позиција на Телеком. Биле поделени речиси 5 милиони евра мито.

Доказите од кипарскиот регистер кои потврдија дека фирмата Чаптекс Лимитед преку која се делеле парите е на самиот Кондоминас своевремено ги откри невладината организација Транспарентнст Интернешнл Македонија. Подоцна судот во Њујорк потврди дека фирмата е негова, но Кондаминас се извлече од обвинение поради тоа што судот не можеше да ги обезбеди оригиналните договори за нелегалните исплати на македонски функционери.

“Судовите во САД дадоа многу прецизни податоци и ние како Транспаренси успеавме да докажеме која личност стои зад сите фирми во Кипар преку кои се вршеле исплатите. Тоа биле лица во власта затоа што тоа токму така е и напишано во документите во САД, дури некој ги предупредил дека ако нема средства и за опозицијата нема ништо од договорот, па се обезбедиле и такви средства. Тие што тогаш биле опозиција, денеска се на власт. Тие тоа денес го заташкуваат. Очигледно е дека тој човек таму од Грција им давал на сите”, изјави тогаш Слаѓан Тасева, претседател на Транспарентност Интершенл Македонија.

Во Македонија истрага речиси и да не се случуваше. Обвиненија беа покренати против извршителите, но е и против нарачателите. Обвинителството поведе постапка само против тројца странски државјани за аферата Телеком, директорот на македонскиот Телеком Атила Сендреј, Унгарецот Золтан Кишиус и Германецот Ролф Плат. МВР во кривичната пријава доставена до обвинителството го вклучи и Гркот Михаил Ќефајоланис кој ги правел договорите со кипарските фирми, н,о според информациите од Канал 5 од Ноември, Обвинителството не го гони Ќефајоланис.

Нема ниту едно обвинение против било кој македонски политичар од тој период кој примил поткуп. Во тоа време ВМРО ДПМНЕ е во опозиција, а СДСМ на чеко со Владо Бучковски како премиер е власт.

Купува ефтино, а гради барокно

Кондаминас е веројатно е и еден од малкуте јужни соседи чие име на стои во графата „предавник“ и „непријател“. Напротив, овој бизнисмен дури е инвеститор во еден од најпатриотските проекти на македонската влада Скопје 2014. Купи ефтино, а гради барокно – оваа бизнис формула му донесе два проекта – хотел на плоштадот Македонија во договор со Министерството за транспорт и врски и зградата на офицерскиот дом со град Скопје.

За само 630 илјади евра, Кондаминас доби актрактивно земја од над 6 илјади метри квадратни на плоштадот во Скопје или точно 100 евра по квадрат. „ДЦ прајм пропертис дооел Скопје“ во сопственост на грчката компанија „Демко“ на Кондаминас на јавната лицитација што се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски беше единствената што достави понуда за купување на земјиштето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.