Продолжува редовното тргување со гас, и покрај војната во Украина, бидејќи и Москва и Киев, но и западните земји сакаат да заработат, наведува „Геополитика“.
Низ украинската гасна мрежа и натаму минува руски гас за земјите членки на Европската Унија (ЕУ). Од 24 февруари, кога започна руската „специјална воена операција“ во Украина, ЕУ ѝ исплати повеќе од 35 милијарди евра на Русија за набавениот гас.
Според тврдења на агенцијата Блумберг, Украина, барем во првиот месец од почетокот на војната, уредно ѝ наплатувала на Русија за трансфер на гасот кон европските земји.
Русија заработува од продажба на гас на Европа за да може да војува во Украина, а Украина заработува од наплата на трансфер на гас за да може да војува против Русија.
Европа, од друга страна, ѝ плаќа на Русија за да може и натаму да војува во Украина и Германија да може да ја одржува својата индустрија, вклучувајќи ја и воената, како би можела да остварува профити и финансиски да ја помага Украина во војната со Русија.
Надвор од секоја воена логика, се појавуваат информации дека претставници на украинскиот гасен дистрибутер во САД и кај европските држави лобираат за дел од рускиот гас кој го Европа се транспортира преку гасоводот „Северен тек 1“ да се пренасочи кон украинските гасоводи.
А, за сето тоа време, војната во Украина си трае, наведува „Геополитика“.