Џељал Хоџиќ: Нашата власт се откажа од патот кон ЕУ, поради наводната загрозеност на идентитетски прашања. Мислите дека огромната популарност на Путин и Вучиќ во Северна Македонија е случајна?
Во изминатиов месец имав можност да поразговарам со доста мои пријатели од регионот, од Љубљана, Загреб, Белград, Подгорица, Приштина и Сараево. Сите оние пријатели кои во политичките ставови се водат од демократските вредности, без разлика на етничка и верска припадност, имаа еден заклучок: Ако Орбан падне на изборите во Унгарија во април, тоа е нова и убава шанса за демократијата во државите од Западниот Балкан.
Главното прашањето за сите нас е: какви ќе бидат последиците по Северна Македонија и македонската власт, ако авторитарниот режим на Орбан падне на 12 април? Дотогаш може некој и ќе постави директни прашања до Мицкоски и Муцунски, како тие размислуваат и кои се нивните ставови за скандалите на Орбан и Вучиќ, а за кои пишуваат светските медиуми.
Извор: ЦивилМедиа.мк



