Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени годишните награди за најдобри научници и првпат за посебен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на УКИМ

0
By Ivana on November 10, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ е добитник на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје – плакета за пособен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот.

Му беше врачена денеска, по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, а му се доделува како признание за објавени  најголем број научни публикации индексирани во базата на „Web of Science“ во изминатата деценија (2011-2020) и придонес за афирмација на Универзитетот во земјата и странство.

Професорот Гушев изјави дека во 2012 добил награда „Научник на годината“ и тоа за него, рече, претставувало голем предизвик и поттик да работи понатаму.

-Се надевам дека на сите научници во државата ќе им биде предизвик да работат напорно бидејќи навистина заслугите се вреднуваат на крај. Да беше ова настан од спортски или музички активности, ќе имаше црвени теписи, луѓе, медиуми итн. Се надевам дека оние што одлучуваат за науката во државава ќе имаат разбирање дека и науката еден ден ќе стигне на високо ниво, рече Гушев.

Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, ги додели и годишните награди за најдобри научници и уметник на Скопскиот универзитет за 2020-та, во сите научно-истражувачки подрачја и во уметностите.

Со одлука на УКИМ наградени се научниците: Валентин Мирчевски од Природно-математичкиот факултет; Евтим Здравевски од ФИНКИ; Марија Вавлукис од Медицинскиот факултет; Александар Цветковиќ од Факултетот за ветеринарна медицина; Борче Треневски од Економскиот факултет и Јасмина Мојсиева-Гушева од Институтот за македонска литература, а од областа на уметностите, наградата за 2020 ја доби Румена Бужаровска, писателка и професорка на Филолошкиот факултет.

Во име на сите добитници за наградата се заблагодари проф. Мирчевски кој во видеообраќање истакна дека УКИМ им укажува голема чест за нивните, како што рече, скромни научни достигнувања.

-Стара е мудроста дека признанието дома најтешко се добива, па оттука тоа е и најмило. Според моето лично разбирање, да се биде дел од нашиот универзитет значи да се биде достоен во интелектуална, морална и духовна смисла и светите Кирил и Методиј да се имаат за свои патрони, рече Мирчевски, додавајќи дека денес универзитетот ја има истата задача која ја имале и просветителите – да овозможи напредок на човештвото низ процесот на образование и да биде извор на знаења. Образованието треба да биде примарната цел на научната работа, нагласи Мирчевски, а технолошкиот развој, рече, е добредојден, но, сепак, е секундарна последица на научно-истражувачката работа.

Настанот го отвори ректорот Јанкуловски кој истакна дека во фокусот на одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември се климатските промени со оглед на тоа што стануваат серизона закана за животите на милијарди луѓе и планетата.

-Во 2021 одбележувањето ја нагласува важноста на градењето заедници подготвени за климатски промени. На 5 ноември УНЕСКО одржа научна конференција со виртуелна дискусија насловена „Да ги промениме размислувањата, а не климата“, рече Јанкуловски и нагласи дека УКИМ сериозно се залага за примена и поддршка на препораките на УНЕСКО за науката и научните истражувачи.

Во таа насока, рече, денеска ќе биде промовиран и Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при УКИМ, со цел зајакнување на интернационализацијата и меѓународната соработка преку интензивирање на релациите со научен кадар со потекло од нашата држава.

Одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, кој УНЕСКО го прогласи во 2001 година, на УКИМ продолжи со панел на тема  „УКИМ во интернационални рамки“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.