НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договор за унапредувања, но не и за усогласување на плати во Управата за водење на матични книги

0
By Sashko on May 5, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mrt.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги (УЗМК) не успеа да најде заеднички јазик со Министерството за правда за покачување на платите, изјави попладнево синдикалниот претставник, Марјан Ристески по средбата со министерот за правда Никола Тупачевски.

„Се вадат по некои законски уредби, подзаконски акти. Ние им предложивме оваа категорија на вработени да се исели од Министертсвото за инфорнматичко општество. Значи замислете, оваа категорија на вработени кои што работат со строго доверливи документи, ги ставаат во куп со цела администрација, со уште 10.000 вработени. Доколку се покачела платата само на овие, не можел да се крши законот. Ние им предложивме да најдат модус да се издвои оваа категорија од групата во која што се вработени и да биде посебна, дали како агенција, дали како управа“, рече Ристески.

Преставникот на Синдикатот на УВМК, Тони Милошевски по средбата наведе дека е прифатено да има унапредување на вработените, но не и усогласување за платите.

„Ние им кажавме дека ќе продолжиме со штрајкот. Нема да го ставиме во мирување. Значи продолжуваме со штрајкот. Сега утрешниот ден ќе видиме тие регулативи што ни ги кажаа, законски што не може и како можат да се донесат. Утре ќе имаме работна средба со Министерството и со Управата и ќе видиме до каде ќе одат работите и дали ќе се најде законски начин да може тие работи да се надминат и да се потпише колективен договор за да го прекинеме штрајкот“, рече Милошовски.

Од Министерството за правда, пак, по средбата соопштија дека министерот Тупачевски им укажал на преставниците на Синдикатот да отпочнат со разговори за подготовка на нов колективен договор, кој ќе биде во согласност со Законот за административни службеници.

„При подготовката на Законот за административни службеници да се разгледа и прашањето за статусот на вработените во УВМК заради специфичноста на нивната работа. Вработените во Управата имаат можност да остварат и додаток на плата на административен службеник до 30 отсто, согласно Уредбата на Владата за специфичност на работите и работните задачи заради зголемен обем на работа. На вработените во Управата ќе им бидат усогласени платите со Законот за минимална плата и Законот за административни службеници  Платата за април ќе биде со корекција на мартовската плата“, велат од Министерство.

На средбата, додаваат од таму, е договорено вакви состаноци и комуникации да има и во наредниот период, а во рамките на Управата да се разгледа можноста за интерни унапредувања, дополнителна мотивација на вработените, воведување на јубилејна награда, како и и подобрување на условите за работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.