Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.600, додека спасувачите очајнички ги бараат преживеаните по урнатините на зградите. Повредени се повеќе од 3.400 луѓе.
Шефот на војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба и побара од секој што може да помогне да излезе. ОН веќе се во контакт со властите. Според податоците на USGS, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, афтершок со јачина од 6,4 ја погоди областа.
Фото: Трн.мк