НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие земјоделство: Ниска откупна цена и селективно субвенционирање

0
By Томе Христов on October 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црвената пиперка и годинава e неисплатлива за одгледување, велат струмичките земјоделци. Во екот на бeрбата цената на пиперката се откупува по 20 денари.

Земјоделците се жалат дека со ваква цена не можат да се покријат трошоците. Велат во времето на Југославија кога бензинот беше пет пати поевтин, цената на пиперката беше со таква вредност, а денеска при најскап бензин – повторно истата цена.

„Пред осум години цената на црвената пиперка беше 33 денари, денеска се откупува од 16 до 25 денари, во зависност од класата. За еден хектар површина потребни се околу 1500 килограми ѓубре или 45.000 денари, 500 литри бензин или 40.000 денари. За заштитни средства имаме трошок околу 10.000 денари, семенски материјал 15.000 денари, за орање односно ратарство 20.000 денари, работната рака за берење на таква површина изнесува 16.000 денари. Кога ќе ги собереме сите трошоци излегуваат над 2.500 евра, а со ваква откупна цена останува само маката и трудот на земјоделците што сме го вложиле, бидејќи од еден декар остануваат чисти само 18.000 денари“ објаснува Киро Георѓиев од струмичкото село Добрејци.


За разлика од црвената пиперка земјоделците од селото Куклиш се задоволни од цената на доматот од 30 денари и како што велат, ако остане таа цена ќе имаат и заработка.

„Задоволни сме од откупот на доматот и цената од 30 денари, ако остане така до крајот на сезоната ќе биде добро и ќе имаме заработка, но ако падне цената како кај пиперката тогаш ќе ни остане само трудот и маката“, вели Сашко Арабаџиев од село Куклиш.

Струмичките земјоделци се незадоволни и од начинот на распределба на субвенциите. За разлика од нив, Владата ветува и понатаму силна поддршка за земјоделците, што ќе придонесе, како што велат на јакнење на капацитетот на македонското земјоделство како и стандардот на земјоделците во државата.

Како што изјавија од Владата, тие и „понатаму ќе продолжат со субвенционирање на земјоделците и во следната година, за што се предвидени 140 милиони евра“.


На овие бројки им нема официјални податоци за тоа колку субвенции се доделени до сега, по кој основ се делат истите и колку земјоделци аплицирале за субвенции.

НОВА за југоисточниот регион побара одговор од надлежните во подрачната единица за земјоделство во Струмица. Од таму велат дека не ги интересира ништо и дека имаат забрана за било какви информации.

Оттаму упатуваат одговорите да се побараат во Министерството за земјоделство во Скопје, бидејќи велат, во моментот немаат раководител и се презафатени со други работи.

НОВА го контактираше и Министерството за земјоделство но од таму не упатија во Платежната агенција за поддршка и развој, каде не успеавме да стапиме во контакт со одделението за финансии.

Сепак НОВА дојде до податоци во колкав број аплицирале за субвенции во струмичко, по години, како и вкупен износ на одобрени финансиски средства за субвенции, по години.


Земјоделците во струмичкиот регион во голем дел не се согласуваат со бројките и зборовите на владејачката партија. Тие сметаат дека субвенционирањето во државата се доделува селективно.

Велат дека се обесправени во своите права, излажани и понижени од својата Влада.

Неодамна на една од прес конференциите во Струмица побараа од Владата и ресорното министерство, да им се исплатат заостанатите субвенции за изминатите две години, како и да се почитува законската обврска за исплата до крајот на годината за 2014 и конечно да се прекине со дискриминацијата кон земјоделците преку исплаќањето на субвенциите. Во спротивно, најавија протест пред Владата и надлежните министерства поради, како што велат, немање пари за подготовка на производство за следната сезона.

Митко Тотушев од село Самоилово со своето решение во рака во кое пишува дека треба да добие средства од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2013 година, вели дека до денес нема добиено ниту денар.

„Ги имам сите документи, имам добиено решение дека треба да ми исплатат 22.400 денари за одгледување на крупен добиток, а парични средства не добив до денес. За 2012 ми беа исплатени 50 отсто, остатокот од средствата не го добив“, изјави Тотушев.

Миле Костурски од Моноспитово се пожали дека од поплавите му биле оштетени 36 фолии со земјоделски култури, но до денеска нема добиено ништо.

Тиме Крстев од село Иловица се занимава со раноградинарство, одгледува јагода, малина, марула и ротквица под пластеници.

Вели, од земјоделство веќе не може да се живее. Потребно е многу површини земја , но и тогаш не е ништо сигурно.

„Јас се занимавам околу 5 години со раноградинарство, но цената на производите е слаба, побарувачката е минимална и нема каде да го продадеш тоа што си го сработил со мака. Без пласман не ја бива работата“, вели Крстев.


НОВА разговараше и со жители кои имаат искористено средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Панде Стоилов од село Вељуса, кој се занимава со сточарство, вели дека е задоволен од субвенционирањето.

„Имам 57 грла овци, за 2013 година добив субвенции, средствата ги користам за храна, опрема и механизација. Имам 20 декари површина и досега сум задоволен“, вели сточарот Стоилов.

Но, годинава како кај и многумина, добитокот на Стоилов не го одмина болеста „син јазик“. Од оваа болест, која беше најзастапена во југоисточниот и источниот регион, на Стоилов му изумреле десетина овци. Тој вели дека во последно време доаѓале ветеринарни служби и инспекции, со цел да се спречи понатамошно изумирање на неговата стока.


По бруцелозата, ова е втора голема зараза која однесе голем дел од добитокот. Во струмичко се угинати над илјада грла. Од ветеринарните станици велат дека во моментот болеста стагнира. Но, и понатаму апелираат до сточарите да вршат дезинсекција на стадата, како превентивна мерка. Од таму додаваат дека оваа болест во струмичкиот регион се има проширено од селата од беровскиот регион, но и од соседна Бугарија и Грција.

Исплашени од болеста се и сточарите од радовишкиот регион. Во местото Злеово семејството Арсови велат дека стравуваат да не им угинат сите 600 грла.

„Не паметиме таква болест во последните 45 години, колку што се занимаваме со сточарство. Овците умираат, не пасат и после 10 часа умираат. Се консултираме со доктори, користевме доста лекови, но ефект нема – лек за оваа болест нема“, велат Арсови.

Семејството Ројкови, пак, велат дека се исплашени да не се зарази и останатиот добиток, но и децата.

„Кучето ми фати од болеста, не знам како да си го заштитам и детето, ги замолувам сите надлежни да се преземат мерки и решенија да се заштитиме и ние и стадото“, вели Ројков.

Сточарите од радовишкиот регион бараат од државата да бидат обештетени. Велат, државата не презема ништо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.