Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Монструм“: Доживотен затвор за Демири и браќата Исмаиловиќ

0
By Нова ТВ on February 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алил Демири – виновен за тероризам, доживотен затвор

Африм Исмаиловиќ – виновен за тероризам , доживотен затвор

Агим Исмаиловиќ – виновен за тероризам, доживотен затвор

Хаки Азири – виновен за две кривични дела за помагање, единствена казна затвор од 9 години

Фејзи Азири – виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело, единствена казна затвор од 15 години

Сами Љута – се отфрла обвинението

Ваква пресуда денеска донесе Основниот кривичен суд во Скопје во случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012, во пресрет на Велигден, кога живото го загубија четири момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од селото Црешево.

На изрекување на пресудата дојдоа роднини и на обвинитетите, но и семејатвата на жртвите. Околу судот и во судница, пак, може да се забележи засилено полициско присуство.

Пресудата ја донесе петчлен Судечки совет од двајца судии, Огнен Ставрев како прв и Осман Шабани како втор судија, и тројца поротници, откако повторениот судски процес трае околу три години.

Првите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се во бегство во Косово и со години косовските власти не ги екстрадираат во земјава.

Во пресрет на изрекувањето на пресудата, во завршните зборови обвинителката Фатиме Фетаи побара доживотен затвор за првите тројца обвинети за тероризам, за Хаки и Фејзи Азири за помагање побара максимални затворски казни од 9-10 односно 15 години, додека за Сами Љута побара ослободителна пресуда поради немање докази. Одбраната, пак, бараше ослободителна пресуда бидејќи според нејзината теорија на случај, ова не се вистинските извршители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.