Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дронот кој падна во Загреб, сепак, носел бомба, вели истрагата во Хрватска

0
By Sashko on April 13, 2022 НАСЛОВНА, РЕГИОН
Фотѕо: total-croatia-news.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватска ја заврши истрагата за леталото кое пред неполн месец падна во Загреб. Дронот кој ги вознемири загрепчани бил доработен и со себе носел бомба наместо вградена камера, објави хрватска Нова ТВ. Жупаниското државно обвинителство во Загреб издаде налог за повеќе видови на вештачења, а побарано е мислење и од воздухопловно-техничката струка.

Загрепското жупаниско државно обвинителство уште кон крајот на март соопшти дека со балистичко вештачење на металните фрагменти на воениот дрон било утврдено дека станува збор за авиобомба со запалка, но тогаш сè уште не можеше да се донесе конечен заклучок за трагите на експлозивот.

Паралелно со истрагата, во хрватската јавност траеше препукување дали дронот навистина носел бомба или не. Министерот за одбрана, Марио Баножиќ, но и премиерот Андреј Пленковиќ тврдеа дека леталото на себе имало прикачено експлозивна направа, додека низа на стручњаци го оспоруваа тоа. Скептичен околу верзијата за бомба беше и претседателот Зоран Милановиќ кој на Баножиќ и Пленковиќ им префрли за фотографирањето крај кратерот што го предизвика падот на леталото.

Во расправата за бомба влезе и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој на прес-конференција рече дека дронот не бил вооружен. Потоа прес-конференција свика и Пленковиќ кој го демантираше таквото негово тврдење, покажувајќи фотографии од делови на дронот за кои рече дека припаѓаат на бомба.

Беспилотното летало од советско производство ТУ-141, кое на 10 март преку воздушниот простор на Романија и на Унгарија, долета во Хрватска и падна околу 23 часот во загрепската населба Јарун. Во инцидентот, за среќа. немаше жртви. Според досегашните информации, дронот бил лансиран од Украина, но засега е нејасно кому му припаѓало и на кој начин и зошто било лансирано.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.