Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дрва да не трошите, без оган да не седите“

0
By Zoran Ivanov on October 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

А нашава влада место да се усериози, да порасне, да го совлада детското воодушевување од моќта на власта што ја има, само парадира и бара изговори за тоа што треба да го сработи, а не знае како. Не е лесно да се води држава. А, бе малку достоинство се бара. Нема квичење. Никој не ги притиска, народот е кроток, нема протести, демонстрации, стрплив е, има разбирање за проблемите. Ама секојдневната изненаденост од „состојбите што ги нашле од минатата власт“ сега веќе и нас нѐ изненадува.

Ана Пановска

Трагикомичниот лик на Македонецот е многу интересен за опсервација. Не се разликува многу од сличните ликови во повеќето земји од Западниот Балкан каде што преку националниот вознес се врши буквална самоокупација и психолошки терор на нацијата. И не само психолошки!

„Дрва да не трошите, без оган да не седите“! Оваа „мудроштија“, која на времето ни служеше како фамилијарна смешка од минатото, нелогична анегдота, многу често ми доаѓа да ја употребам кога е во прашање политиката на ВМРО-ДПМНЕ низ годините.

Но сега со новата влада некако ептен ми легнува. Небаре го читам писмото на бабата Фана која така уплашена и недоучена, недоверлива кон надворешниот свет не ја разбирала одлуката на нејзиниот Гаве, познат трговец од Дебар, кој решил и своите три женски деца да ги прати на школување во Скопје.

Ама Гаве имал визија, го разбирал времето што доаѓа и во тие триесетти години од минатиот век му покажал на неговото потомство како да се движи низ реалниот живот и да научи како да се приспособи на современиот свет.

ДВОРСКИ ИГРИ

„Ќе барам достоинствено решение согласно со националните интереси, а диктати, да биде јасно − не прифаќам!“ Моооре! На челниците на меѓународната гледам ептен им е јасно, па затоа и тие во секоја пригода категорично јасно повторуваат, „прво уставните промени, па продолжување на преговорите“.

И, сега што правиме, мили мои? Како мисли Мицковски да го исполни „стратешкиот приоритет на земјава“ за влез во ЕУ, а да не го исполнува меѓудржавниот договор со Бугарија чиј потписник е државата Македонија. Тие две работи се побиваат една со друга.

Дворските игри на ВМРО-ДПМНЕ околу францускиот предлог во Европа никој не ги есапи, дури ни унгарскиот премиер Орбан, кој се понуди да посредува меѓу нас и Бугарите колку да си помине на редот. Исходот однапред му беше познат.

Сепак, тој е државник што ја разбира европската политика иако на некој начин е во прикриен конфликт со неа. Тој си го гледа својот интерес. А, нашиот? Го гледа само онолку колку што би можел да има корист и колку што нема да им попречи на неговите политики околу стабилноста и безбедноста на Унгарија.

А ние како да сме си насоне. Не така далеку од нас се водат крвави војни, Блискиот исток, Украина, сега и на територија на Русија. Атина врие од бегалци кои секој момент можат да тргнат на север да бараат спас и засолниште бегајќи од студовите што наскоро ќе дојдат.

ВЛАДИНО ПАРАДИРАЊЕ

А нашава влада место да се усериози, да порасне, да го совлада детското воодушевување од моќта на власта што ја има, само парадира и бара изговори за тоа што треба да го сработи, а не знае како.

Не е лесно да се води држава. А, бе малку достоинство се бара. Нема квичење. Никој не ги притиска, народот е кроток, нема протести, демонстрации, стрплив е, има разбирање за проблемите.

Ама секојдневната изненаденост од „состојбите што ги нашле од минатата власт“ сега веќе и нас нѐ изненадува. Нели до детали го знаеја и со години го решетеа катастрофалното владеење на „СДС“ кога беа опозиција, нели знаеја што ги чека.

На народот му кажуваа до детали кои тешки криминали и злоупотреби се случувале во сите институции на државата, а сега се правдаат што не можат да мрднат напред, ни во правосудството, ни во економијата, ни во здравството, ни во образованието…

Ама не им текнува дека нема да мрднат напред ни педа сѐ додека не тргне отворањето на поглавјата во преговорите со ЕУ. Дотогаш ќе се тресеме од студ зашто Мицковски има, нели, добитна комбинација: дрва да не трошиме, без оган да не седиме. Ќе видиме како може тоа да се изведе − да не ги трошиме пратеничките гласови за уставните измени, а да се грееме во прегратката на ЕУ!

Текстот е сопственост на Фокус.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 1, 2025

Хамас побара дополнителни објаснувања од посредниците во врска со американскиот план за завршување на војната…

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.