Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дури 70 проценти од Македонците не одат на одмор

0
By Сашка Цветковска on July 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едвај 30 проценти од граѓаните на Република Македонија можат да си дозволат годишен одмор. Последната публикација на Државниот завод за статистика „Анкета за приходите и условите за живот 2010“ објавен пред околу еден месец покажува дека 72.4 од домаќинствата проценти не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор.

Според истата публикација, само 50,08 проценти од домаќинствата поседуваат компјутер, 48.2 проценти имаат автомобил, а 13 проценти немаат машина за перење алишта. Телефон поседуваат 91.9 од македонските домаќинства.

22.4 проценти од домаќинствата се пожалиле на покрив што протекува, влажни ѕидови и темели, гнили и искршени прозорци, на бучава од соседи, улица или индустрија 12.7 проценти, а на загаденост, нечистотија или други проблеми со животната средина 12.3

Околу 13 проценти од домаќинствата во земјата немаат када или туш, а исто толку немаат внатрешен тоалет.

Според најновите анализи на Заводот на статистика кои НОВА ги објави минатата недела загрижувачка е и состојбата со висината на платите на македонските работници. Иако просечната плата според пресметките на Заводот изнесува околу 350 евра, сепак, статистиката потврди дека најголем дел од вработените работат за исклучително мали плати.

Само 1,3 проценти од вработените граѓани во земјава или 8 960 вработени Македонци во 2012 година земале плата поголема од 40 илјади денари. Дури 42 процента работат за плати помали од двесте евра месечно, покажува најновата Анкета за работната сила на Државниот завод за статистика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.