Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два гранта од околу еден милион евра за стручно образование во медицината, ИТ, машинската и електро струката

0
By Marija Todorovska on April 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два гранта за стручно образование и обуки во областа на медицинските науки, ИТ, машинската и електро индустријата, вредни околу еден милион евра, им беа доделени денеска на два конзорциума, формирани од висообразовни институции и компании. Грантовите ќе се искористат за набавка на опрема и надградба на инфраструктурата во високо-образовните институции за поефикасно спроведување на дуалното образование. 

Средствата се доделени во рамки на Регионалниот фонд за предизвици.

Како што оцени извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, во конзорциумите има многу компании што значи дека тие почнале да размислуваат конструктивно, додека голем дел од учениците кои минуваат низ процесот на дуално образование, наоѓаат работа веднаш по завршување на школото.

Полека научивме, истакна Пешев, дека компаниите не треба да се грабаат само за себе, туку дека треба да работат заеднички на профилирање на новата работна сила.

-Два гранта вредни околу еден милион евра им беа доделени денеска на два конзорциума. Вклучени се многу компании и образовни системи. Полека научивме дека компаниите не треба да се грабаат само за себе, туку дека треба да работат конструктивно, заеднички, околу профилирањето на новата работна сила. Така може да се соберат пари. Лани имавме осум проекти кои добија грантови, годинава се два, се надфевам дека трендот нема да биде вака негативен и дека ќе биде мотив идната година да се биде покоснтруктивен и да се размислува за тоа што да се понуди за да користиме и натаму средства од овие фондови. Убава вест, добро е сите да размислуваат во таа насока – училиштата да станат убаво место за младите и од нив да излегуваат подготвени кадри, изјави Пешев по доделувањето на грантовите.

Дуалното образование, додаде, е како лавина, тргна како мала грутка снег, а сега има големи димензии.

-Но, зошто да не биде вистинска лавина, нашето образование да биде адаптирано на потребите на индустријата. Тоа би било „вин – вин“ комбинација. Учениците уживаат повеќе кога низ теоретската едукација стекнуваат и практични знаења, особено кога се работи за технологии кои прв пат можат да ги видат во живо, не само на видео или пропаганден материјал, напомена Пешев.

грантови ИТ медицина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.