Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два различни протести против насилството во Газа

0
By НОВА ТВ on May 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протестот во солидарност со палестинскиот народ организиран од страна на Гласни Идеи се подели откога група од демонстрантите се појавија со религиозни и националистички симболи. Џејлан Велиу, активистка од Гласни Идеи, експлицитно кажа дека Гласни Идеи се одвојува од другата група на демонстранти заради присуството на националистичките симболи кои немаа врска со случувањата во Палестина. Велиу исто така потенцираше дека Гласи Идеи организираат мирен протест.

Според Al Jazeera во последната ескалација на настаните во регионот, најмалку 145 палестинци, од кои 41 дете, беа убиени во Појасот Газа почнувајќи во понеделникот. Околу 950 други се ранети. На окупираниот Западен брег, израелските сили убија најмалку 13 Палестинци.

На протестот зборуваа Џејлан Велиу и Зоран Василески. Но кога до протестот на Гласни идеи се доближи другата група на демонстранти кои извикуваа навидум исламистички фрази. Планирани беа уште спикери, но протестот од Гласни Идеи се повлече заради тоа што не беше јасно дали ситуацијата можеше да ескалира.

„Стоп за окупацијата на Газа, стоп за бомбардирањето и стоп за присилното иселување. Нема место во 21 век за етнички чисти територии. Големите идеи за големи етнички чисти држави, треба да останат во минатото. После Белград, Приштина, Сараево и Љубљана, и тука во Скопје го дигаме гласот во заштита на обесправените народи. Упатуваме порака до меѓународната заедница, после сите злодела кои ги направи во изминатите децении, да најде сили да се одржи Седницата на Советот за безбедност и да се разговара за ситуацијата во Израел. Долго време се случува невидена репресија врз палестинскиот народ. Ние сме свесни за страдањата што ги имаа Евреите во 19 и 20 век, но нема оправдување да го прават она што ним им го правеа. Ние ја продолжуваме славната традиција на изразување солидарност“, рече во своето обраќање пред присутните активистот Зоран Василески од Гласни Идеи.

„Појасот Газа со стотици мртви, главно цивили, жени и деца, и уништувањето на градот не смее да остави никого рамнодушен. Кога луѓето во некој регион на светот се убивани, малтретирани, угнетувани, девалвирани и кога врз нив се врши неправда, тогаш таа рана е во телото на целото човештво,“ кажа Џејлан Велиу во нејзиниот говор.

„Ние стоиме на страната на палестинскиот народ и бунтот за слобода и правда. Протестираме и ги осудуваме сите влади во светот, кои отворено ги поддржаа зборовите на американскиот претседател Бајден, односно таканареченото „ право на Израел на самоодбрана“ додека ги протерува палестинските семејства од нивните домови и земјиште и ги бомбардира нивните домови. Па го поставуваме прашањето: Дали Палестина има право да се брани? Дали мајките на палестинските деца не плачат за нивните најмили кои гинат под ракетите на Израел, САД и Велика Британија, дали нивната тага е прифатлива и поневредна од тагата на другите?“ додаде Велиу.

Според Радио МОФ, протестантите од навидум исламистичката група не сакале да дадат изјава на македонски јазик и подоцна се упатиле накај Музејот на холокаустот во Скопје.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.