Министерството за внатрешни работи на самопрогласената област Придњестровље во источна Молдавија, соопшти дека дошло до две експлозии во селото Мајак во Григориополската област.
Експлозиите ги онеспособиле двете најсилни антени на радио центарот кој емитува програма на руското радио, пренесува РИА Новости.
Во експлозиите немало повредени.