Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две Македонии!!!

0
By Нова ТВ on December 30, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува за НОВА Зоран Ќука, авторот е новинар

Го живееме дното. Нема муабет. Имаме две Македонии, длабоко поделени, според демократските сфаќања и вредности. Од една страна стои власт гладна за пари и готова да „гази“ за да ги добие, а од другата се студенти, млади, академци, луѓе со поинакви сфаќања. Луѓе кои не сакаат власта да им се кажува што да јадат и пијат, како да спијат, кој со кого да „легне“ и колку деца да имаат.

Има две Србии: едната е конзервативна и заостаната, заблесавена од Слободан Милошевиќ и нему сличните, а другата граѓанска и проевропска.

Ова, во една прилика, пред добри 12-13 години, го рече познатиот белградски новинар Раде Радовановиќ, за време на нашата четиригодишна дружба во РСЕ во Прага, ламентирајќи за тоталитаризмот на Слобо, на кој, му немаше рамен на Балканот. Без разлика што и Фрањо Туѓман имаше голем мерак да се мери со српскиот вожд, како и некои други мали лидерчиња во Македонија и Црна Гора, иако овие вториве можеа на Слобо и Фрањо вода да им носат.

Како и да е, ова поедноставено објаснување на Раде, ми ѕвонеше во уши сиве овие години, и во случајот на Македонија, некогаш повеќе, некогаш помалку. Меѓутоа, татнежот одекна со студентските протести, можеби поради почетната надеж дека новата енергија ќе ги смени нештата, дека власта ќе покаже малку совест, оти ќе дигне “рачна”, па можеби ќе ги сослуша студентите и професорите и ќе почне процес на некакво заемно договарање. Но, не станува збор за наивност, туку за свесна неоснована надеж, која нели, последна умира.

За жал Премиерот покажа дека не е способен да се издигне над практиката да жигосува се што не му се вклопува во неговите планови.

Груевски им “пресуди” на студентите и професорите, ги стави во неговиот црно – бел свет на власт и опозиција.Заборави дека ,сепак, си има работа со интелектуалци, ги навреди студентите со понудата После вас потоп а професорите со „импакт фактор“. Неговите партиски мегафони и медиуми со сета жестина потрчаа да му се додворат на лидерот, пресметувајќи се со “комуњари”, “соросоиди” кои, ете, богати се дрзнуваат да му се противставуваат на “Оној кој знае се и прави се за нивно добро”.

Зошто толкав владини инат за државен испит? Веројатно како и за се друго, покрај немањето демократски капацитет, сржта на проблемот е идеолошко – финансиски. Како и со измените на законот за хонорарци и со овие предложени реформи се бара начин за да се дојде до пари, бидејки со казни за граѓани не се доаѓа до плати за напумпаната партиска администрација и до пензии за најмоќната гласачка машинерија.

Власта е соочена со фактот дека ќе биде се потешко да владее без пари. Нема веќе само праќање инспекции, притисоци, бркање од работа.Стравот како метод на владеење на оваа гарнитура ќе се мултиплицира со закани од типот “контра народ”, гумени куршуми и водени топови.

И тука е крајот. Нема муабет. Имаме две Македонии, длабоко поделени, според демократските сфаќања и вредности. Задоцнето, како и во минатото, го живееме дното. Од една страна стои власт гладна за пари и готова да „гази“ за да ги добие, а од друга страна студенти, млади, академци, луѓе со поинакви сфаќања. Луѓе кои не сакаат власта со пари од данокот да плаќа огласи и ТВ спотови, да им се кажува што да јадат и пијат, како да спијат, кој со кого да „легне“ и колку деца да имаат…

Таа нова, како што некои ја нарекоа, „Хипер енергија“ е резултат на 9 – те години ширење омраза кон се она што не и се допаѓа на власта. Дали таа ќе ги апсорбира отровот и омразата и ќего означи новиот почеток, зависи од младите Македонци и Албанци кои тргнаа заедно без верски и партиски симболи кон ,да се надеваме,вистински демократска Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.