Стотици активсти на движењето „Беса“ го започнаа својот, како што го нарекуваат, сеалбански протест за оставки во власта. Активистите во 17 часот почнаа да се собираат пред паркот во скопската населба Чаир од каде што почнаа да маршираат во правец на мостот „Гоце Делчев“ поради тоа што немаат можност да протестираат пред владата заради поставениот камп, како што претходно рекоа.
Демонстрантите ќе одржат неколку говори кај мостот кадешто ќе биде поставена и бина. Тие мирно маршираат, а на протестот впечатливи се црвените маици и албанските знамиња.
„Беса“ кои што се неформално движење, најавија дека ќе бараат “оставка од владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“